Библиотеката – темел на писменоста и најпосакувано место во градот

 Библиотеките треба да станат центри на културата и внатре да ги интегрираат и децата, и возрасните, и најстарите лица.

Тоа значи дека библиотеката мора да стане најпосакуваното место. Ако не стане библиотеката најпосакувано место, тогаш значи дека други места од градот стануваат најпосакувани места за младите, како што се обложувачници, кафе-барови, нешто што е доминатно денес наспроти образование, знаење, наука, книга, смета универзитетскиот професор Кирил Барбареев.

Тој додава дека контекстот во кој се наоѓа целокупната библиотека е истиот контекст во кој се наоѓа општеството и затоа државата мора да тргне поенергично со друга визија и друг квалитет на луѓе, со други профили на одлуки што ќе го подигнат нивото.

– Ако се стави приоритет на образованието во нашето општество како клучен приоритет за реформата на сето она што всушност се општеството и државата, тогаш ќе можеме да го фатиме чекорот и ќе можеме да се трансформираме и да ја промениме парадигмата што е клучно за она што е всушност општество во 21-от век, што е тоа библиотеката во 21-от век, што е тоа училиштето во 21-от век, што е тоа професорот, наставникот, ученикот. Суштината е дали ние имаме визија во еден пократок или подолг временски период да се посветиме и да работиме на овие теми заедно, бидејќи интегрираноста, мрежниот концепт на споделување и создавање институции, кои едни со други ќе се надополнуваат, е иднината на библиотеките, потенцира професорот на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, Кирил Барбареев.

Професорот д-р Мито Спасeвски смета дека темата за библиотеката е исклучително важна. За него, библиотечната дејност е еден од столбовите на опстојбата на духовните творечки, културолошки и јазични аспекти на секоја нација, на секоја популација.

– Таа претставува срж и претставува основоположништво што го доближува човекот до вредностите на творештвото. Библиотечната дејност претставува една од најплодните артерии што ги афирмира вредностите во различни аспекти, вклучително и во делот на литературата, смета професорот Спасевски од Педагошкиот факултет во Скопје.

Интересно е размислувањето на професорката д-р Виолета Мартиновска, која смета дека библиотеката е темел и предизвик на современото човештво, бидејќи нема напредок, нема прогрес, ако не се чита, ако не се влегува во библиотека.

– Најмоќната титула што се слави годинава е 1.150 години од смртта на свети Кирил Философ, всушност беше неговата функција – библиотекар во далечниот 9-ти век. Библиотеките се неминовни во развојот на човештвото, бидејќи ги нудат сите тие потреби за морална, внатрешна, етичка и интелектуална потреба. Сите оние проблеми на 21-от век мислам дека може да се решат низ феноменот на библиотеките, смета професорката Мартиновска.

Советувањето на тема „Библиотеката – темел на писменоста" се одржа во рамките на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец", во организација на Издавачката куќа „Просветно дело", Билиотеката „Благој Јанков-Мучето" од Струмица и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски" при УКИМ, Скопје./МИА.

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Иако за една недела има намалување на бројот на ново заболени со голема кашлица, докторите и денеска на одбележувањето на европаската недела на измунизација едногласни во поракта до родителите, навреме да ги вакцинираат совите деца. 

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, изминатата недела регистирирани се 27 нови случаи со пертусис, и четири нови хоспитализации, а најголем број од новозаболените се на возраст од 10 до 14 години. Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи.

Иако според последните податоци од здравствените власти, има раст во бројот на вакцинирани деца со речиси сите вакцин, докторите велат далеку сме од препорачаните 95 % на имунизација на национално ниво.

„Прв пат од ваков тип теренска вакцинација каде се вклучени сите здравствени домови и се планира да посетат повќее од 3 000 семејства, фокусот е даден на вакцинација со вакцини кои имаат копмонента на пертусис, поради зголемениот број моментално со голема кашлица. Како и за вакцини со МРП вакцина, бидејќи станува збор за едно заразно заболување а за жал имаме далеку од потребниот опфат од вакцинација... “-изјави Бранка Величковска Тенева – министерство за здравство.

Со порака родителите навреме да ги вакцинираат своите деца, со цел создавање на колективен имунитет испратија и од УНИЦЕФ. Велат земјата мора да оди напред во процесот на имунизација, а граѓаните да внимаваат какви информации добиваат.

Граѓаните велат не дозволиво е во 21 век да имаме епидемија за болест за која имаме вакцина.

По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

притисни ентер