Безос му зададе силен удар на Маск во „вселенската битка“- испаќа летала на НАСА на Марс

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, сопственик на SpaceX, Tesla и Twitter, своевремено го нарече вториот најбогат човек на светот, Џеф Безос, сопственикот на Amazon и Blue Origin, „дилетант на вселенското истражување“.

Меѓутоа, во таа вселенска битка, милијардерот Маск доби толку силен удар, веројатно најсилен досега, што заврши во нокдаун - американската агенција НАСА реши да испрати две вселенски научни возила на Марс со ракетата на Безос „Њу Глен“, пишува Дејли Мејл.

Договорот е вреден 20 милиони долари, а леталото треба да биде лансирано до август 2024 година.

Првичниот план бил НАСА да го испрати вселенското летало на Марс со ракетата Фалкон Хеви во октомври оваа година, заедно со вселенското летало Psyche.

Сепак, вселенската агенција го напуштила бидејќи лансирањето нема да го испрати леталото на траекторија кон Марс.

Новиот план е објавен неколку дена откако ракетата Спејс шатл на Маск, која требаше да носи товар и патници до Месечината и Марс, експлодира при вториот обид за лансирање.

Пар идентични летала се дел од мисијата ESCAPADE. Тие ќе летаат во вселената со ракетата „Њу Глен“, а обата имаат по три инструменти на себе, кои ќе се користат за испитување на влијанието на сончевите ветрови врз магнетосферата на Црвената планета. Според планот, патувањето ќе трае 11 месеци, а потоа ќе биде во орбитата на Марс.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер