Бесплатни курсеви по македонски јазик на Факултет за странски јазици во Тирана

Курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана

Во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје наскоро ќе започнат курсеви по македонски јазик во просториите на Факултет за странски јазици, како воннаставен предмет, односно предмет по избор, објави Факултетот на официјалната веб страна.

Се додава дека курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана и оти наставата ќе ја изведуваат македонски професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно стекнато ниво на познавање на македонскиот јазик.

-Воннаставните програми за странски јазици се иновација и можности повеќе за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично и културно знаење, се наведува во објавата.

Се замолуваат студентите заинтересирани за изучување на македонскиот јазик да го изразат својот интерес со пријавување на пополнетите формулари на Google на следниот линк: https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA.

За секакви дополнителни информации може да се јават во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици, понеделник – четврток 08:30-16:30 петок 08:30-14:00 часот, Е-пошта: [email protected] или на телефонскиот број +355 4 2452610.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер