Бешикташ го отпушти Ван Бронкхорст

Џовани ван Бронхорст повеќе не е тренер на Бешикташ, објави прес-службата на турскиот фудбалски клуб.

Четириесет и деветгодишниот стручњак го водеше Бешикташ од јули. Под негово водство, тимот одигра 20 натпревари, забележа десет победи, четири пати ремизираше и загуби на шест средби.

Бешикташ по 12 натпревари е на петтото место во турската Суперлига со 21 бод.

Ван Бронкхорст претходно беше тренер на Ренџерс, кинески Гуангжу и Феенорд.

Уби 77 млади луѓе во Норвешка, а сега бара слобода- одбиена жалбата на Брејвик

Норвешкиот суд денеска соопшти дека го отфрлил барањето на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик за предвремено ослободување од затвор.

Норвешкиот суд денеска соопшти дека го отфрлил барањето на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик за предвремено ослободување од затвор, каде што отслужува казна за убиство на 77 луѓе во најголемото мирновременско злосторство во оваа нордиска земја, јавија норвешките медиуми, цитирајќи ја пресудата.

На 22 јули 2011 година, неонацистот и исламофобот Брејвик со автомобил-бомба уби осум лица во центарот на Осло, а потоа уште 69 лица, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоеја.

Адвокатот на Брејвик изјави дека неговиот клиент ќе поднесе жалба на одлуката.

Во ноември, судот го разгледа второто барање на Брејвик за условно ослободување. За време на тоа рочиште, тој рече дека нападот бил „неопходен“.

Овој 45-годишник има отслужено 13 од вкупно 21-годишната затворска казна, што беше максимална казна во времето на неговите злосторства, која може да се продолжи се додека тој се смета за закана за општеството.

Убиецот може да поднесе барање за условно ослободување една година по секое одбивање.

Јужнокорејската влада понуди колективна оставка

Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица.

На состанокот свикан од премиерот Хан Дук-су, речиси сите министри, вклучително и министерот за финансии Чои Санг-мок и министерот за образование Ли Ју-хо, понудија колективна оставка поради политичката криза што избувна откако претседателот на Јужна Кореја нареди воена состојба и потоа го откажа истиот ден, но откако неговата извршна наредба не мина на гласањето во Парламентот.

Министрите се сметаат за одговорни за оваа одлука, па решија да поднесат оставка.

Министерката за правда Парк Сунг-Је денсак изјави дека „нема намера да продолжи со својата функција“.

Министерот за одбрана Ким Џонг-хјун, кој наводно му ја предложил воената состојба на претседателот, подоцна исто така најавил оставка.

Премиерот Хан апелираше до владата да продолжи да ги извршува своите должности.

„Ве замолувам да ги исполните вашите обврски заедно со јавните службеници од сите министерства, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните и да се зачува секојдневниот живот“, рече тој.

Претходно, високи советници од претседателскиот кабинет, вклучително и шефот на кабинетот на претседателот, понудија оставки.

Џесика Алба во Рим пристигна без бурма- се појавија снимки со непознат Италијанец (ФОТО)

Џесика Алба, актерката која многумина ја сметаат за најубава на светската сцена, се вратила од семејно патување во Мексико и сега пристигнала во Рим, за договорите за новиот филм да продолжат како што треба.

Но, новите фотографии од вечерата во Рим, кои беа по повод деловен состанок, ги изненадија сите обожаватели кога забележаа чуден детал. Имено, таа отишла на состанок со италијанскиот филмски продуцент Андре Јерволина, а од моментот кога стигнале во ресторанот со автомобил, па сѐ до крајот на вечерата, не ја симнувале насмевката од нивните лица.

Во очите на јавноста сѐ изгледало нормално, сѐ додека не забележале дека го нема венчалниот прстен на раката на Џесика Алба. Тогаш овие фотографии почнаа да добиваат потенцијална нова димензија. Џентлменските гестови, како што се отворањето на вратите, поместувањето на столчињата и пуштањето да помине прва дамата, сега изгледаат малку поинаку. Особено кога камерите успеаја да уловат моменти од вечерата.

Во еден момент се гледаат како наздравуваат со чаша бело вино, а во следниот, Андре одвојува порција тестенини од садот и ја префрла во чинијата на Џесика. Сето тоа додека се смее.

Меѓутоа, други веруваат дека ако нешто е „тајно“, би се обиделе барем да бидат во ресторан чија внатрешност не може да се види низ големи прозорци. Но, тие исто така признаваат дека некои ситуации изгледаат сомнително, како споделување порции храна и многу насмевка.

притисни ентер