Беше гламурозна претседателска ќерка и милијардерка, а сега е во затвор

Ќерката на покојниот узбекистански претседател Ислам Каримов , Ѓулнара , е однесена во затвор зашто го прекршила правилото на петгодишниот домашен притвор.

Ѓулнара Каримова во 2017 е осудена на 10 години затвор поради измами и перење пари , но казната минатата година и е преиначена во домашен притвор. Таа за време на претседателскиот мандат на татко и била амбасадорка во Шпанија , постојана претставничка на својата земја во Обединетите нации во Женева , како и поп пејачка. Сите и предвидувале дека ќе го замени татко и на претседателското место во Узбекистан.

Сега нејзиниот швајцарски адвокат се жали дека Ѓулнара на сила била одведена од нејзиниот стан и бара да се прогласи Узбекистан за земја во која не владее правото .

Нејзината ќерка Иман на Инстаграм објави фотографија од апсењето на Ѓулнара, каде се гледа двајца мажи како држат жена облечена во папучи и наметка.

Обвинителите велат дека судот во Ташкент решил Ѓулнара да се однесе во затвор , зашто користела интернет , го напуштала станот и не исплатила компензација за државата.

Каримова како ќерка на претседателот Ислам Каримов имала во Узбекистан свој бренд на накит , сопствен телевизиски канал и кариера на поп пејачка под име Гугуша.

Но , во 2014 се скарала со семејството и татко си , по што била приведена од безбедносните сили. Не се појавила ниту на погребот на татко и во 2016 , кој со железна рака владееше 27 години во Узбекистан.

Таа била обвинета дека е дел од злосторничко здружение за да дојде до имот вреден милијарда долари во 12 земји меѓу кои во Британија , Русија и Емиратите.

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

притисни ентер