Најголема помош во операцијата полицијата добила од разбеснет морски лав. Тој спречил да избегаат двајца странски државјани , осомничени како дел од групата . Тие се обиделе да избегаат од мал остров во близина на градот Џералдтон.
„Момците, всушност, имаа избор - да поминат покрај морскиот лав или да бидат уапсени - и тие избраа апсење.“, изјави Дамјан Хали, заменик командант на Службата за волонтерски спасувачи во Џералдтон, за АБЦ радио.
Поточно, двајцата странски државјани се наоѓале на јахта на која биле насукани од 2 септември, пред да се обидат да избегаат со чамец.
На пат кон копното, тие го разлутиле морскиот лав , кој со испуштање гласни звуци , ја привлекол полицијата. Полицајците дошле на јахтата и таму нашле скриен еден тон дрога.
„Ние го прекинавме синџирот на снабдување со дрога на една голема меѓународна криминална организација“, рече Крис Досон, началник на полицијата на Западна Австралија.