Бентли произведува скапи автомобили, па дури и кога се играчки (ФОТО)

Иако се неодоливи, многумина ќе бидат спречени да ги купат поради нивната цена.

Бентли е синоним за луксуз, скап бренд што само малкумина можат да си го дозволат. И тука не се мисли само на скапите автомобили, туку и на прилично скапите понуди од т.н Продавница за додатоци. Понудата е богата, а од неодамна има и многу интересни модели на автомобили.

Станува збор за модели во размер 1:43, каде заедно со Bentayga и Flying Spur се нуди и модел на најспецијалното Bentley, поточно Bacalar од Mulliner.

Изборот падна на многу впечатлива жолта нијанса, но она што особено радува е високото ниво на квалитет на изработка и вниманието на деталите.

Покрај атрактивниот двосед, кој одамна е распродаден, се нуди и моделот Continental GT Speed. Размерот е ист, а изборот на боја падна на Candy црвената нијанса.

Сите модели во споменатиот размер се неизмерно поевтини од вистинските автомобили, но не се евтини. Нивната цена е 100 фунти, што е на ниво на други производители како Porsche. Во секој случај, тоа е остварливо, особено за некој кој би сакал ваква минијатура да ја краси неговата полица во дневната соба.

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес.

„Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру, кој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А.

Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови.

Пред да дојде во Милан, Жиру играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпеље, Челзи и Арсенал.

Со Монпеље ја освои француската титула, а со Челзи триумфираше во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во кариерата има 847 натпревари со 342 голови и 113 асистенции, освојувајќи вкупно 13 трофеи. /МИА

Британски боксер почина во рингот

 Британскиот боксер во средна категорија Шериф Лавал (29) почина откако беше нокаутиран на своето професионално деби во неделата.

Како што пренесуваат денеска англиските медиуми, Лавал бил нокаутиран по удар во слепоочницата во четвртата рунда од борбата против Португалецот Малам Варела во Лондон.

„За жал, Шериф колабираше за време на неговата борба и почина и покрај најдобрите напори на лекарскиот тим“, соопштија организаторите на борбата од „Ворен Бокс Менаџмент“.

Британската боксерска федерација упати сочувство до семејството на 29-годишниот Лавал. /МИА

притисни ентер