Белиот леб може да биде добар за организмот (видео)

Доктор подели трик како омилената намирница да ја претворите во здрав оброк!

Вреден совет особено за оние кои никако не можат да се откажат од белата векна.

И покрај тоа што нутриционистите препорачуваат избегнување на белиот леб кој содржи многу адитиви и препорачуваат ‘ржан леб или леб од хељда, оние кои особено го сакаат, тешко се откажуваат од него иако знаат дека белиот леб е една од причините за формирање на сало во пределот на стомакот од кое тешко може да се ослободат. Сепак, белиот леб содржи одреден процент на минерали како што се железо и витамини Б, што го прави хранлива намирница која делумно ја задоволува потребата од овие хранливи материи.

Ако и понатаму сте во дилема дали да јадете бел леб или не, доктор Каран Рај открива како да составот на белиот леб да го прилагодите така што би имале позитивни ефекти врз нашиот организам.

- Ако земете парче бел леб и го тостирате, ќе го намалите неговиот гликемискиот индекс. Тоа значи дека побавно ќе се разрадува, и со тоа ќе доведе до постепено зголемување на нивото на шеќер во крвта. – објаснува тој во виралното видео.

Гликемискиот индекс (ГИ) е мерка што се користи за да се утврди колку храната влијае на нивото на шеќер во крвта. Белиот леб, оризот и компирот предизвикуваат нездрав скок на шеќерот во крвта, наведува „nypost.com“.

Во видеото, д-р Рај чекор по чекор објаснува како да го намалите ГИ на белиот леб.

- Ако белиот леб прво го замрзнете, а потоа го одмрзнете и го тостирате, можете да го намалите неговиот гликемиски индекс за речиси два пати. Ова се случува затоа што се формира повеќе ретрограден скроб, кој е еден вид отпорен скроб корисен за здравјето на цревата бидејќи делува како растителните влакна, објаснува тој.

Покрај белиот леб и оризот, крофните, белите пецива, популарните пакувани житарки за појадок се исто така храна со висок гликемиски индекс.

Ова ги израдува придружниците на д-р Рај, па го прашале дали тоа значи дека белиот леб можат да го вратат во исхраната.

- Чекај, замрзнат леб... Ми кажуваш дека како дијабетичар може пак да јадам леб?

- Секогаш замрзнувам леб за потоа да го ставам на тост, бидејќи така не го фрлам. Не знаев дека тоа е корисно.

- Ова е корисен совет – гласеа некои коментари.

Додека некои разговараа за овој трик со замрзнување на лебот, други беа љубопитни дали истиот ефект ќе се постигне и со другата храна ако го следиме истиот пример. Еден од корисниците на мрежата одговори дека истиот ефект се постигнува и со тестенините, бидејќи ГИ ќе биде подобар ако тие се замрзнат, па повторно се загреат, но треба да се внимава при ладењето и складирањето за храната да не остане долго време на собна температура.

@dr.karanr

Kitchen hacks

♬ original sound - Dr Karan Raj

Најскромниот претседател на светот има рак на хранопроводот: Ќе се борам додека можам

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе „Пепе“ Мухика денеска соопшти дека по медицинскиот преглед минатата недела му бил дијагностициран рак на хранопроводот.

Мухика (88) изјави дека автоимуното заболување од кое боледува веќе 20 години создава потешкотии кога се работи за хемотерапија и дека операцијата би била ризична, но дека лекарите размислуваат за опции.

На новинарско прашање за прогнозата, Мухика рече дека не е лекар и дека не знае што да очекува, пренесува Обсервадор.

Тој нагласи дека ќе продолжи „да се бори додека може“, а ги повика младите Уругвајци својот гнев да го претворат во надеж, да се борат за љубов и да бараат помош доколку се зависници од наркотици.

„Благодарен сум и на крајот на денот никој не може да ми ги одземе убавите моменти кои ги имав“, изјави Пепе.

Во април 2021 година, тој имаше операција на хранопроводникот поради повреда од „туѓо тело“, а личниот лекар на Мухико тогаш објави дека станувало збор за рибна коска.

Лекарите по операцијата потврдија дека поранешниот претседател има чир на хранопроводникот, и дека нема повреда.

Мухика ги освои симпатиите ширум светот бидејќи за време на неговиот претседателски мандат покажа дека е скромен човек кој вози стара „буба“, поради што го доби прекарот „најскромниот претседател на светот“.

Хонда „се сели“ на друг континент- вложуваат милијарди во фабрика во Канада

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor денеска објави дека сака да изгради фабрика за електрични возила (EV) во Канада и е подготвен да инвестира 11 милијарди американски долари во овој проект.

Honda започнала преговори со канадските власти за добивање субвенции за проектот во Онтарио, пренесува агенцијата Kyodo.

Вистинската инвестиција на Honda во создавањето на синџир за снабдување со електрични возила во Канада се очекува да биде од 60 до 70 отсто од вкупната сума, бидејќи и добавувачите на материјали ќе ги поделат трошоците.

Хонда планира да започне со производство во новата фабрика за електрични возила, која ќе биде втора од ваков вид во Северна Америка, во 2028 година.

Јапонската компанија моментално ја реконструира својата постоечка фабрика во Охајо во Соединетите Американски Држави со цел таму да произведува исклучиво електрични автомобили од 2025 година.

Бебе загина во страшното торнадо, што ја опустоши Оклахома (ВИДЕО)

Според последните информации, најмалку пет лица, меѓу кои и едно дете (4), загинале во серијата разорни торнада што минатиот викенд ги погодија централните делови на САД.

Како што јави Би-Би-Си, четири лица загинале во Оклахома, додека едно го загубило животот во Ајова.

Силното невреме што започнало во петокот предизвикало значителна материјална штета, а десетици илјади луѓе останаа без струја. Вонредна состојба е прогласена во повеќе од 12 окрузи во Оклахома. Во сојузните држави Небраска и Ајова биле регистрирани дури 70 торнада.

Националната метеоролошка служба потврди дека прелиминарните податоци покажале дека некои од торнадата имале брзина на ветер до 136 милји на час (околу 218 километри на час). Невремето се проширило од Тексас до Мисури и за само неколку часа наврнале околу 18 сантиметри дожд на метар квадратен, пренесе АФП.

На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од штетите на кои се гледаат уништени куќи и превртени автомобили. Службите за итни случаи во Оклахома регистрирале најмалку сто повредени лица на кои им била потребна медицинска помош.

„Ќе се вратиме, ќе ги исчистиме урнатините, ќе изградиме куќи и ќе продолжиме напред“, рече претседателот на Домот на Оклахома, Чарлс Мекол.

Гувернерот на Оклахома Кевин Сит изјави дека во неколку градови е предизвикана најголемата штета што ја видел во последните шест години откако е на чело на државата.

"Видов како доаѓа големо торнадо. Имав доволно време само да ги засолнам децата и сопругата. Сè беше уништено. Населбата не постои. Им помагавме на затрупаните да излезат од урнатините - рече Брент Ричардсон, еден од жителите на Омаха.

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со гувернерот на Оклахома и понуди федерална помош за најранливите области.

притисни ентер