Привремената комисија во обвинителството за следење на евентуални кривични дела против изборите и други нерегуларности досега нема добиено ниту една кривична пријава со елементи на сторени кривични дела ниту пак инциденти. Претходно полицијата извести за пријавени незаконски активности – обид за поткуп на гласачи во Охрид и Крива Паланка. Кривична пријава засега нема до обвинителството но случаите тги истражуваат.
-Има известување за сомнение за поткуп на гласачи каде беа примени известувања за Охрид о Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Дејствијата се преземаат и доколку биде поднесена кривична пријава обвинителствата веднаш ќе преземаат за проверка на наводите во пријавите. Во овој момент станува збор за настани кои би можеле да имаат обележје на кривично дело, паможе да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување,- изјави – Џељаљ Бајрами – Обвинител.
За случајот со селото Мелница во општина Чашка поради сомнежи за поткуп а вчера при претрес кај едно лице било пронајдено поголемо количество оружје, е отворена истрага и за него велешкиот суд определи притвор. И кај уште едно лице во велешко е извршен претрес поради сомнежи за изборен поткуп, сомнежите за поткуп се проверуваат.
Обвинителството, информираат оттаму, продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.