Бектеши и Шаља ќе бараат решение за косовската забрана за увоз на компири и мед

 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина ќе има средба со министерот за трговија и индустрија Ендрид Шала, по мерката на Косово за забрана на увоз на компир и мед од земјава.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов вчера најави дека македонските власти ќе побараат од Косово објаснување со аргументи врз основа на кои меѓународни стандарди е донесена мерката на Приштина.

Според Атанасов, македонските производи ги задоволуваат светските стандарди и нема основа изјавата на косовските власти за причините за забрана за увоз на компир и мед.

– Ќе побараме од косовските власти во текот на утрешниот ден со аргументи да ни објаснат врз основа на кои меѓународни стандарди ја воведуваат забраната. Не држи изјавата на Косово дека со ЦЕФТА договорот или по други меѓународни стандарди може да ни воведат забрана, смета Атанасов.

Косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља во петокот минатата недела наложи забрана на увоз на компири и мед од Македонија како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увоз на риба за порибување од Косово. Забраната, како што изјави Шаља за порталот „Газета експрес", ќе остане во сила се додека органите во Македонија не ја преразгледаат одлуката за увозот на риба за порибување.

По наводите од косовската страна дека не е даден одговор на решавањето на прашањето за увоз на икра и млада риба од Косово во државава, од Министерството за економија соопштија дека веднаш ја информирале косовската страна дека мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на тие производи. Навеле и дека таа е согласно со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Македонија е членка од 2003 година.

Министерот Крешник Бектеши, како што соопшти во петокот неговиот Кабинет, ги отфрли како невистинити наодите на Косово, посочувајќи дека земјава во секој момент е подготвена да разговара со факти и аргументи.

-Согласно правилата на ЦЕФТА, Министерството за економија уште во јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА одговори на косовската страна по ова прашање а исто така и Агенцијата за храна и ветеринарство ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно европската регулатива. Во изминатиот период Агенцијата за храна и ветеринарство направи интензивни напори за надминување на проблемот со цел добивање соодветни информации за животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени иако се побарани повеке пати од ресорната институција во Република Косово. Нивните претставници истакнаа дека системот за надзор на рибни болести во Република Косово не се следи, информираше Министерството за економија.

Дополни и дека, сепак, земјава во овој период остварувала интензивни контакти со надлежните институции на Косово за надминување на настанатата состојба, но не се добиени податоци коишто би ја потврдиле здравствената состојба на наведените производи од акредитирана институција на Косово.

Оценки и апели за надминување на несогалсувањата упатија и стопанските комори. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оцени дека одлуката за забрана за увоз на мед и компири е во најмала мерка популистичка, неразумна и е донесена во погрешно време.

– Имено, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар. Мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи и е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Македонија е членка од 2003 година, укажа Азески.

Официјалните податоци покажуваат дека извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199 долари, додека во првите пет месеци од годинава е во вредност од 212.227 долари. Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер