Бектеши-Галовеј:Поддршката на бизнисот за зачувување на работните места е клучна за справување со корона-кризата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео –состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј , соопштуваат од Минситерството.

Тема на состанокот беа мерките кои што ги превзема Владата за поддршка на компаниите за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот Ковид 19, но и плановите на Владата за повторно враќање на економијата во нормала.

Министерот ја информираше британската амбасадорка за двата пакета на економски мерки кои што ги донесе Владата за поддршка на најпогодените сектори. Како што истакна Бектеши главна цел на мерките е да се спаси секое работно место, а предвидуваат меѓу другото државна поддршка за исплата на минимална плата од 14.500 денари за работниците, намалување за 50% на трошоците заперсонален данок за најпогодените компании.

„Постојано сме во комуникација со бизнис-заедницата и секојдневно работиме на мерки за олеснување на работењето на компаниите. За нас најважно е да го зачуваме секое работно место. Во директна комуникација сме и со домашните, но и со странските компании во нашата земја кои што се најголеми извозници, но имаат и најголемо учество во македонскиот БДП. Целта е да им излеземе во пресрет за полесно да се справат со последиците од оваа криза, истакна министерот Бектеши и најави дека во наредниот период ќе се одржат низа состаноци со странските инвеститори кои што работат во Технолошко-развојно индустриските зони на кои што ќе им бидат претставени мерките кои што ги донесе Владата , но и ќе се земат во предвид и тешкотиите со кои тие се соочуваат како резултат на корона-кризата со цел да се обезбеди нивно непречено работење.

Амбасадорката Галовеј истакна дека веќе се разгледуваат можности за пренасочување и зголемување на поддршката која што ја дава Обединетото Кралство преку различни фондови за Македонија пред се за зголемување на деловната активност. Воедно истакна и дека заедно со економскиот тим во Амбасадата и во Обединетото Кралство, но и со британските компании кои што работат во Македонија ќе ги разгледаат сите можности кои им стојат на располагање бидејќи оваа криза ќе биде предизвик за сите, се наведува во соопштението од Министерството за економија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер