Бегајте од нив кога ќе се налутат:Овие три знаци се темпирани бомби и рушат се пред себе

Им стапнете ли на нерв, овие хороскопски знаци комплетно ќе го сменат односот кон вас и тогаш ќе имате можност да го запознаете нивното второ лице кое не е ниту малку пријатно.

Овен – Припадниците на овој знак не знаат да ја смират ерупцијата на страсти и да ја канализираат енергијата во кавгите. Освен што се исклучително гласни кога ќе се налутат, те може подолго време во себе да го кријат незадоволството кое подоцна може да кулминира. Сепак, иако дојде до судир, дури и најнавредените Овни нема да имаат желба за одмазда, туку едноставно ќе ве избришат од нивниот живот. Од тогаш станувате негов противник и непријател.

Лав – Лавовите се познати како вистински кралици на дрмата токму благодарение на нивниот темперамент. Иако ги обожува луѓето, како и да склопува нови пријателства, Лавот ќе има преголеми очекувања од луѓето од неговото опкружување. Ако му се замерите, тој на сите можни начини ќе се обиде да ве омаловажи, но и негативно да влијае врз вашата репутација. Едноставно, тој има одмазничка црта на личноста и многу тешко простува.
Скорпија – Харизматичната Скорпија во моменти на гнев ги гори кожата и мозокот со нејзиниот отровен јазик. Иако и е потребно многу за да може да се налути, во моменти на гнев станува саркастична и брутална кон личноста која ја предизвикала. Таа воопшто не е тип кој ќе прости и заборави туку со сета жестина психички ќе го малтретира оној на кој е лута. Нема да запре се додека не создаде емоционална пустош и вистинска човечка руина од таа личност.

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер