Бечев: Бугарија сакаше да се покаже како братски народ со Македонија, а го постигна спротивното

„Бугарија е во предизборна ситуација. Темата за Македонија не е водечка, но секој глас е важен. Ако Красимир Каракачанов ја омекне својата позиција сега, тоа би значело политички харикири, бидејќи партијата може да не влезе во следниот парламент.

Ова за Слободна Европа од Бугарија го изјави Димитар Бечев, виш соработник во Атлантскиот совет (САД) и професор на Универзитетот во Северна Каролина (Чапел Хил).

Втората причина за зацврстување на тонот, според Бечев, е фазата на европска интеграција во која се наоѓа Македонија.

„Историското искуство покажа дека земја-кандидат за членство во ЕУ има тенденција да прави најголеми отстапки, обично непосредно пред да започнат преговорите. Овој момент е клучен и ЕУ има силни лостови на влијание. Можеби во Софија сега си рекоа дека е вистинско време да добијат максимални отстапки од македонска страна “.

„Софија тврди дека население, историски поврзано со Бугарија живее во Македонија. Ако целта е да се повлечат стереотипите и да се промени размислувањето, така што Бугарија не се доживува како стар непријател, туку како братска земја, оваа цел во моментов не е исполнета. Напротив, се постигнува токму спротивното “, коментира Димитар Бечев.

Северна Кореја лансира „неидентификувана балистичка ракета“

Северна Кореја истрела најмалку една „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во правец на Источното Море, наречено и Јапонско Море, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Додека јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на државни извори, најверојатно проектилот бил со мал дострел.

Лансирањето на проектилот се случи неколку часа откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, негираше дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија. /МИА

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. 

Штипската полиција вчера во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, ја лишила од слобода Џ.С.(23) од Кочани, која се сомничи дека на 15 мај годинава извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Како што информираат денеска од МВР, Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Фаталната русокоса повторно во бикини!!

Супермоделот и актерка Кејт Аптон позирала за уште една насловна страница на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“; овој пат на 60-годишнината.

Атрактивната Аптон претходно беше модел за магазинот во 2011 година, потоа беше модел за нејзината прва самостојна насловна страница во 2012 година, а на насловната страница се појави во 2013, 2014 и 2017 година.

- Тоа е голема чест. Тоа навистина зборува за тоа каде оди модата и пораката што сака да ја пренесе главниот уредник на костимите за капење на Sports Illustrated – жените ги поддржуваат жените, покажуваат различни типови на тело и ги повикуваат жените да зборуваат за различни работи во кои веруваат“, изјави Аптон Луѓе“.

притисни ентер