Девојчето го одвлекле во напуштен објект , го врзале, го силувале под закана со оружје , го снимале со мобилен за потоа да ја уценуваат . 11 годишното девојче под закана од петмината ,морала од дома да им носи златни предмети , за потоа тие да ги продаваат . Утре девојчето треба да даде исказ пред судија во судот во Бијело Поље.
Тројца од насилниците од Беране постари од 14 години, се приведени од полицијата , а по распитот се сместени во дом во Подгорица. Двајцата , кои се помлади од 12 години , се под надзор.
Случајот го пријавил роднина на девојчето ,кој на родителите има кажал дека таа носи златни предмети на училиште и им ги дава на петмината.
Родителите , шокирани од она што и се случувало на девојчето, раскажале дека насилниците ја носеле секој четврток , бидејќи тогаш имала четири часа на училиште , во напуштен објект и таму ја силувале и го земале златото.Родителите гледале дека девојчето е повлечено и се однесува поинаку , но мислеле дека тоа е поради пубертетот.
Сега , откако се се дознало девојчето рекло дека и е многу полесно.