Бајден најави разговори со Путин и Зеленски за смирување на тензиите меѓу двете земји

Бајден, кој се наоѓа во Нантакет, во сојузната држава Масачусетс, ја повтори својата поддршка за „територијалниот интегритет" на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека најверојатно ќе разговара со својот руски и украински колега во обид да ги смири тензиите меѓу двете земји, во време кога Русија е обвинета за акумулација на сили на нивната заедничка граница.

На прашањето на новинарите дали ќе разговара со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, американскиот претседател одговори „многу веројатно" и додаде дека е „загрижен".

Бајден, кој се наоѓа во Нантакет, во сојузната држава Масачусетс, ја повтори својата поддршка за „територијалниот интегритет" на Украина.

Претходно Белата куќа повика на континуирани дипломатски напори за смирување на тензиите меѓу Русија и Украина.

Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, разговараше со украинскиот колега Андриј Јермак и двајцата се согласиле дека сите страни треба да продолжат со дипломатските напори за смирување на тензиите, изјави неименуван портпарол.

Во последните неколку недели, САД, НАТО и Европската унија постојано изразуваат загриженост поради движењето на руските сили на украинската граница, пред се загрижени од можната инвазија на земјата.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер