Бајден на прес конференција ги измеша Либан и Сирија

Американскиот претседател Џо Бајден бил збунет за време на прес-конференцијата на самитот Г7, додека зборувал за хуманитарна помош за земјите погодени од граѓанската војна, мешајќи ги Либија и Сирија, не еднаш, туку три пати, објави Фокс Њуз.

Претседателот, познат по своите гафови, зборувал за можноста за соработка со Русија во обезбедувањето „витална помош за Либија, чие население е во голема неволја“.

"Сè додека се таму, без можност да воведат некаков ред во регионот, не можете да го сторите тоа добро без да ги задоволите основните економски потреби на луѓето. Па се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето, да речеме , во Либија ", рече Бајден.

Потоа рече дека Русија „гризнала повеќе отколку што може да проголта“ со својата интервенција во Сирија, а после тоа повторно ја спомна Либија.

Советниците на Бајден подоцна рекле дека претседателот, наместо Либија, всушност мислел на Сирија, а Бајден доживеа лавина негативни коментари на социјалните мрежи.

„Го молам # медиумот да скокне и да # преведе што навистина рече # Џо Бајден, # Претседателот“, напиша еден корисник на Твитер и имало коментари дека Бајден „малку се збуни“.

„Претпоставувам дека кога бомбардирате толку многу земји одеднаш, тешко е да бидете во чекор со тоа“, напиша либанскиот геополитички коментатор Сара Абдала.

Прес-конференцијата на која се вклучи Бајден се одржа на последниот ден од редовниот годишен самит на седумте најразвиени економии во светот (Г7) во Корнвол, Англија.

Бајден утре е во Брисел со лидерите на Европската унија, а средбата со рускиот претседател Владимир Путин е закажана за в среда во Женева.

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер