Бајден ќе и се обрати на нацијата по убедливата победа на Трамп

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата по загубата на неговата кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп.

Бајден ќе зборува во 16:00 часот по Гринич.

Тој се повлече од претседателската трка по неговиот слаб настап во телевизиските дебати со Трамп, покренувајќи прашања за тоа дали тој сè уште е способен за функцијата. Потпретседателката Камала Харис го замени Бајден како кандидат на Демократската партија.

Харис и Бајден ветија дека ќе му помогнат на Трамп во транзицијата на власта до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на 20 јануари следната година. Сепак, Харис рече дека не е подготвена да ја прифати визијата на Трамп за земјата.

Републиканците ја одземаа контролата на американскиот Сенат од демократите. Мнозинството гарантира дека Трамп ќе контролира барем еден дом на Конгресот следната година. Не е јасно дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Претставничкиот дом на САД, а резултатите во десетици изборни единици се уште се непознати.

Петрушевски: Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше

Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше за да владеат.

Груби и ДУИ ги злоупотребуваа Албанците.

Додека Груби крадеше, ДУИ ги лажеше Албанците дека се бори за нив, а всушност со секој поминат ден беше причина повеќе тие исто како и Македонците да си заминуваат од државата.

Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците, туку за џебот на поединци.

СДС знаеше за криминалот на Груби, го толерираше од две причини: Прво, затоа што му се приклучи, и второ затоа што така се држеа на власт.

Груби и ДУИ знаеја дека во никоја друга комбинација нема да можат така да крадат и го држеа СДС на власт.

Коалицијата СДС и ДУИ беше брак од интерес за грабеж на Македонија.

СДС и денес продолжува да одработува за Груби, смислувајќи разни приказни.

Реалноста е дека тие го создадоа Груби, овозможија да краде и ја ограбија здружно државата. Тоа сите го знаат.

Наместо да се брукаат со пресконференции, да излезат и да го повикаат да се врати, а потоа да им се извинат на граѓаните.

БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ, ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа

Во Азербејџан денеска е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната несреќа на патничкиот авион „Ембраер 190“ на „Азербејџан Ерлајнс“ во казахстанскиот град Актау на Каспиското Море.

Во тек е истрага за причините за несреќата, во која животот го загубија 38 од вкупно 67 лица во авионот, пренесува ДПА.

Националните знамиња на Азербејџан се спуштени на половина копје во земјата во знак на жалост, а културните настани закажани за денеска, како и сите настани во театрите и концертните сали се откажани.

Авионот летал од Баку кон главниот град на руската автономна република Чеченија - Грозни, а поради магла таму бил пренасочен преку главниот град на друга република на Руската Федерација - Дагестан, Махачкала.

Според државната авиокомпанија на Азербејџан, 37 од патниците биле Азербејџанци, 16 - руски државјани, шест - Казахстанци и тројца - државјани на Киргистан.

Kахастанските медиуми наведуваат дека жртвите се од Азербејџан, Русија и Киргистан. Девет патници од Русија, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба. Тие се пренесени во Москва.

„Би било погрешно да се шпекулира пред да излезе заклучокот на истражителите за причините за авионската несреќа“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Tajланд се приклучува во БРИКС како земја партнер

Тајланд ја прифати поканата да стане земја партнер на БРИКС и се надева дека во наредниот период ќе се приклучи во организацијата како полноправна членка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.

Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација, Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се позитивен одговор на таа покана.

Како што наведе, истиот ден тајландскиот министер за надворешни работи испратил писмо до рускиот колега во кое ја изразува согласноста на Тајланд да се приклучи на БРИКС како земја партнер.

Според портпаролот, Тајланд се надева дека ќе го подобри нивото на односите со земјите-членки на организацијата, со цел да ги подобри можностите за развој на сопствената економија.

притисни ентер