Бајден и Ердоган се согласиле за Авганистан, но останал проблемот со рускиот систем С-400

Претседателот Џо Бајден и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се договориле на состанокот дека Турција ќе има главна улога во обезбедувањето на аеродромот во Кабул, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Сепак, двајцата лидери не можеле да го решат долгогодишното прашање за купување на рускиот одбранбен систем С-400 од страна на Турција, рече Саливан, тежок спор што ги затегна врските меѓу сојузниците во НАТО.

Саливан пред новинарите изјави дека Бајден и Ердоган, на нивниот состанок во понеделникот на самитот на НАТО, разговарале за прашањето за Авганистан. Ердоган побарал одредени форми на поддршка од САД за да го обезбеди аеродромот и Бајден се посветил на обезбедувањето на таа поддршка, рече Саливан.

„Од лидерите беше утврдена јасна заложба дека Турција ќе има водечка улога во обезбедувањето на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи и сега работиме како да направиме за да дојде до тоа“, рече Саливан, давајќи ги првите детали од американската страна на состанокот за кој турското претседателство не соопштило детали.

Турција и Соединетите држави беа во расправија околу низа прашања, како што е набавувањето на руското оружје од страна на Анкара, разликите во политиката во Сирија и Источниот Медитеран , па очекувањата за напредок на првата средба меѓу Ердоган и Бајден беа мали.

Двајцата лидери звучеа оптимистично по нивната средба, иако не објавија никаков конкретен напредок. Единствена потенцијална област на соработка е Авганистан, каде Анкара понуди да го чува и управува аеродромот во Кабул по повлекувањето на силите на САД и НАТО во следните недели.

Безбедноста на аеродромот е клучна за работењето на дипломатските мисии во Авганистан, бидејќи западните сили се повлекуваат.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер