Бајден ги повика на состанок рускиот и кинескиот претседател

Претседателот на САД, Џо Бајден, ги покани Си Џинпинг и Владимир Путин на виртуелен состанок за климата што планира да се одржи на 22 и 23 април, изјави за Франс Прес претставник на Стејт Департментот.

На овој состанок се поканети 40 светски лидери. Целта на самитот е да се одбележи враќањето на Вашингтон во првите редови на борбата против климатските промени, откако беше напуштен од претходната администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Новиот претседател на САД изјави дека има намера да одржи самит за климата на 22 април, за да се совпадне со прославите на Денот на планетата Земја, пред големиот состанок на ОН закажан за ноември во Глазгов, Шкотска.

На крајот е одлучено самитот да трае два дена, но тој да се одржи виртуелно поради пандемијата.

Како што вети, Џо Бајден го продолжува учеството на САД во Парискиот договор за климата на првиот ден во Белата куќа, од каде што неговиот претходник ги повлече Соединетите држави.

Враќањето на Соединетите држави, втора земја во светот според емисиите на јаглерод диоксид, во климатскиот договор, е во сила од 19 февруари, што значи дека скоро сите нации на планетата се учесници во договорот потпишан во 2015 година .

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер