Баерн Минхен го одреди обештетувањето за Џамал ​​Мусиала, изнесува 140 милиони евра

Европскиот фудбалски гигант Барен Минхен ја одреди откупната клаузула за својата млада ѕвезда Џамал Мусијала.

Еден од најдобрите млади фудбалери на светот, 21 годишниот Мусијала ќе може да го напушти Минхен за обештеѕтување од 140 милиони евра, пренесуваат британските и германските медиуми.

Мусијала има договор со Баерн до 30 јуни 2026 година. Германските медиуми тврдат дека Мусијала сака да ја продолжи соработката со клубот од Минхен, но бара неделна плата од 350.000 евра. Челниците на Баерн сметаат дека германскиот репрезентативец има превисоки финансиски барања, но се подготвени да ги продолжат преговорите со Мусијал и неговите менаџери.

Исто така, клубот од Минхен е подготвен да го продаде германскиот репрезентативец, но со обештетување од 140 милиони евра. За играчот на Баерн досега интерес покажаа Реал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал, пренесува Танјуг.

Мусиала првите фудбалски чекори ги направи во редовите на Челзи, од каде во 2019 година се пресели во тимот на Баерн Минхен.

За клубот од Минхен одигра 167 натпревари и постигна 45 голови.

ООН: Потребен глобален фонд за Вештачка интелигенција за помош на земјите во развој

Владите и приватните компании треба да придонесат кон глобален фонд за вештачка интелигенција (ВИ), кој ќе им овозможи на земјите во развој да ги искористат придобивките од оваа технологија, се наведува во извештај на ООН.

Фондот ќе помогне да се обезбедат модели, компјутерска моќ и програми за обука поврзани со вештачката интелигенција, според препораките од советодавното тело за вештачка интелигенција на високо ниво на генералниот секретар на ОН, пренесува Гардијан.

Дејм Венди Хол, професорка по компјутерски науки на Универзитетот во Саутемптон и член на советодавното тело на ОН за вештачка интелигенција, рече дека западниот свет не смее да ги прави истите грешки со технологијата што ги направи со климатската криза. Осврнувајќи се на земјите во развој надвор од северната хемисфера, Хол рече дека треба да им се помогне на државите кои не можат да инвестираат во вештачка интелигенција.

ООН предупредува дека недостигот на глобална рамка за управување со ВИ би можел да доведе до неправедни последици за земјите во развој.

- Ако сега не се справиме со прашање како што е глобалниот фонд за вештачка интелигенција, ризикуваме да одиме по истиот пат како што правевме со климатските промени каде што развиените земји се способни да го решат проблемот и да одат напред додека глобалниот југ е оставен зад себе и нема капацитет да го реши тоа“, рече таа.

Извештајот препорачува создавање на достапна продавница на модели и збирки на податоци за вештачка интелигенција (потребна за изградба на модели) која може да помогне во постигнувањето на целите за одржлив развој на ОН, кои вклучуваат елиминирање на сиромаштијата и обезбедување квалитетно образование.

Извештајот, исто така, препорачува создавање на меѓународен научен панел за вештачка интелигенција, кој ќе издаде годишен извештај за „способности, можности, ризици и несигурности“ поврзани со вештачката интелигенција. Предупредува дека не постои глобална рамка за управување со вештачката интелигенција и дека технологијата може да им се наметне на луѓето без тие да имаат никаково влијание во процесот.

Минатата година, компаниите за вештачка интелигенција и неколку држави се обврзаа на доброволен договор за тестирање на најмоќните модели на вештачка интелигенција, додека овој месец Велика Британија потпиша меѓународен договор кој има за цел да спречи злоупотреба на ВИ.

„Да се ​​стави управувањето со ВИ во рацете на неколку програмери или земји домаќини, ќе создаде длабоко неправедна ситуација“, се вели во извештајот, додавајќи дека ОН можат да бидат домаќини на редовен меѓувладин дијалог за да се поттикне заедничка основа за управување со влијанието на технологијата.

Ерменија спречила државен удар планиран од Русија, уапсени шест лица

Русија плаќала и обучувала група бунтовници со цел да ја собори прозападната влада на Ерменија претходно оваа година, изјавија ерменските обвинители, дополнувајќи дека локалните безбедносни служби ја предвиделе наводната завера навреме.

Истражниот комитет на Република Ерменија соопшти дека седум лица ќе бидат обвинети за „подготовка за узурпација на власта со употреба на насилство и закани за насилство за преземање на власта“.

Според официјалните изјави, шестмина Ерменци биле регрутирани на тримесечна обука во Русија, при што добивале месечна плата од 220.000 рубли (2.377 американски долари). Исто така, тие биле подложени на проверки и полиграфски тестови за да се утврди нивната лојалност, пред да бидат пренесени во воената база „Арбат“ во Ростов на Дон, јужна Русија.

Руското Министерство за одбрана не одговорило веднаш на барањата за коментар.

Односите меѓу Ерменија и нејзиниот историски сојузник Русија се влошија откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година, при што јужнокавкаската земја го замрзна своето членство во воениот сојуз ЦСТО (Организација на Договорот за колективна безбедност), испрати хуманитарна помош во Киев и организираше заеднички вежби со американските сили.

Во исто време, долгогодишниот ривал на Ерменија, Азербејџан, воспостави поблиски односи со Кремљ, а претседателот Илхам Алиев одржа пријателски разговори со претседателот Владимир Путин во Баку минатиот месец. Москва ја обвини ЕУ за мешање во нејзината сфера на влијание со потпишување партнерски договори со ерменската влада.

Руските граничари, кои беа стационирани во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, беа замолени да се повлечат порано оваа година. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан за „Политико“ изјави во септември 2023 година дека руската мировна мисија во Нагорно-Карабах не ја исполнила својата улога. Само неколку дена подоцна, руските сили не интервенираа кога Азербејџан започна нова офанзива во енклавата, што предизвика масовен егзодус на целото ерменско население.

Пашинјан денеска изјави дека ерменската ориентација кон Запад ќе продолжи. „Ако видиме и најмала реална можност да станеме полноправна членка на Европската Унија“, рече тој, „нема да го пропуштиме тој момент“.

Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција

Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација.

Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани.

Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните палестински територии „без одлагање“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, ја означи резолуцијата како „обид да се уништи Израел преку дипломатски тероризам“ во која никогаш не се спомнуваат злосторствата на Хамас и „ја игнорира вистината, ги искривува фактите и ја заменува реалноста со фикција“.

Македонија се воздржа од гласање, заедно со Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Литванија, Украина, Србија, Албанија, Канада, Индија, Австралија и други земји.

Против гласаа САД, Израел, Чешка, Унгарија, Аргентина и други земји.

притисни ентер