Австрија воведе драстични мерки: Ќе останат без возило оние кои возат пребрзо

Австрија на крајот на минатата година најави воведување драстични мерки за возачите кои возат пребрзо.

Полицијата потоа на лице место соопштила за одземање на возилото со можност за трајно одземање. Од 1 март - сето горенаведено стана реалност, пишува AutoBild.

На оние кои ќе ја надминат брзината за 80 км/ч во населба или 90 км/ч надвор од населбата ќе им биде одземено возилото и продадено на аукција, пренесува австриската агенција АПА.

Исто така, доколку возачот во минатото веќе бил казнет за пребрзо возење, автомобилот може да му биде одземен дури и ако ја надмине брзината за 60 км/ч во населба, или 70 км/ч надвор од населбата,.

„Постои брзина со која автомобилот станува оружје. Ќе ставиме крај на тоа и ќе се погрижиме идните престапници веднаш и трајно да се разоружаат“, рече министерката за транспорт Леоноре Гевеслер.

Од друга страна, Австриската автомобилска асоцијација (ÖAMTC) се сомнева во ефективноста на мерката.

„Нема студии кои докажуваат дека построгите казни повеќе ги одвраќаат луѓето од прекршување. Загрижени сме, за вакви драстични мерки за одземање на сопственоста на автомобил треба да одлучуваат судови, а не административни тела“, објасни адвокатот на ÖAMTC, Матијас Волф за АПА.

Руски хакери ги нападнале Германија и Чешка, реагира и Полска

Полска денеска ги осуди наводните сајбер напади на руската група наречена АПТ28 врз Германија и Чешка, велејќи дека и самата била погодена.

Полска изразува солидарност со Германија и Чешка поради сајбер нападите врз нивните демократски институции и политички партии, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.

Германија вчера ја обвини Русија дека извршува сајбер напади врз нејзината владејачка партија, воздухопловните и одбранбените компании и цели во други земји и предупреди на неодредени последици. „Полска, која беше една од целите на (групниот) напад АПТ28, силно ги осудува повторените, неприфатливи и штетни активности извршени од руски актери во сајбер просторот“, се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведени никакви детали за нападот. „Соочена со сè поголемите закани во сајбер просторот, Полска активно работи на заштита на критичната инфраструктура, градење отпорност и зајакнување на сајбер-одбраната.

Ковачевски: Ако ДПМНЕ се дограбат до власт, можеме да се збогуваме со ЕУ

Обраќајки се на присутните на вечерашниот митинг во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, посочи дека не смееме да ја повториме грешката од минатото.

Обраќајки се на присутните на вечерашниот митинг во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, посочи дека не смееме да ја повториме грешката од минатото и да ѝ дадеме преголема моќ на десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги дека сѐ уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење.

„Денес сите ја видовте изјавата на претседателот на ЕС, Шарл Мишел, кој јасно порача и ЕУ и земјите кандидати да бидат спремни до 2030 година за прием. Не ги слушајте што зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ дека проширување нема да се случи. Така зборуваа и за НАТО и мораше СДСМ да дојде на власт, за да влеземе во НАТО. Така зборуваа и за отпочнување на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да дојде за да отпочнат преговорите со ЕУ. Ако тие дојдат до власт, 2030 година ќе ги гледате Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а нашето повторно со ВМРО ќе остане празно. Изборот е ваш, почитувани граѓани! Или ќе живееме во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата екипа или сите заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина. “, изјави Ковачевски.

Ковачевски вели и дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власт, ќе стават рампа на патот кон Брисел и може да се збогуваме со Европската Унија.

„Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница“, вели Ковачевски и ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и само тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.

„Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност“, порача Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните да гласаат за силен СДСМ во собранието и да не дозволат државата повторно да падне во изолација и да биде раскрчмена од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

„Нашата мисија е Македонија да продолжи цврсто да гази по патот кон Европа и чекор по чекор да изградиме подобра иднина за сите“, заклучува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25 килограми злато

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка.

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка по извештаите дека била приведена поради наводен шверц на злато.

Вардак вчера објави дека дала отказ на својот официјален профил X (Твитер), откако минатата недела индиските медиуми објавија дека била накратко задржана на градскиот аеродром поради наводно шверцување на 25 златни прачки, тешки по еден килограм од Дубаи. Според информациите на индиските медиуми, таа не била уапсена поради дипломатскиот имунитет.

Во изјавата Вардак не ги спомнала наводите за шверц на злато, но истакнала дека длабоко жали што како единствена жена во авганистанската дипломатија, наместо да добие конструктивна поддршка за да ја задржи својата позиција, се соочила со бранови организирани напади насочени кон уништување.

„Во текот на изминатата година наидов на бројни лични напади и клевети насочени не само кон мене, туку и кон моето потесно семејство и роднините“, додаде таа.

Вардак истакнала дека нападите „сериозно влијаеле на нејзината способност за ефективно работење и ги покажале предизвиците со кои се соочуваат жените во авганистанското општество“.

Министерството за надворешни работи на Талибанците не одговорило веднаш на повиците на агенцијата за коментар за оставката на Вардак.

притисни ентер