Австрија преку граница нема да пушта луѓе за кои се сомнева дека имаат коронавирус

Австрија објави дека на луѓето за кои се сомнева дека се потенцијални заразени од коронавирус нема да им биде дозволено преминување на границите.

Ова е објавено еден ден откако воз од Италија е задржан четири часа на границата за да се почекаат резултатите од тестирањето на двајца патници.

Австрија се уште нема потврдено ниту еден случај на заразено лице од коронавирус и е многу внимателна заради брзото ширење на болеста на северот од Италија.

Повеќе од половина од товарниот сообраќај преку Алпите проаѓа низ Австрија.

Австриските власти запреле воз во недела со 300 патници кој патувал од Венеција кон Минхен за да се причекаат резултатите од тестирањето за коронавирус кај двајца патници. Биле негативни и возот по четири часа бил пуштен понатаму.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конференицја на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

притисни ентер