Австралиски воен брод вплови во Сан Диего со мртви китови на палубата (ВИДЕО)

Според Австралиската морнарица, два мртви китаод  загрозен вид биле пронајдени на трупот на австралиски воен брод, кој минатиот викенд впловил во Сан Диего.

„Морнарицата е сериозна во врска со безбедноста на морските цицачи и е сериозно погодена од овој инцидент“, се вели во соопштението на австралиската морнарица.

Локалните медиуми пишуваат дека станува збор за кит-перка, најблизок роднина на синиот кит и после него следното најголемо животно на Земјата. Едниот бил долг околу 20 метри, а другиот околу 7,6 метри.

Според Националната управа за океани и атмосфера на САД (НОАА), китовите перки се загрозени видови, со само околу 3.200 единки на западниот брег на САД. Овој вид кит порано интензивно се ловел, но денес обично умира поради судир со бродови.

Воениот брод ХМАС Сиднеј е долг околу 147 метри и тежи 7.000 тони. Неговиот труп се протега на 7,2 метри под морската површина. Тој е еден од најновите бродови на австралиската флота, пишува Си-Ен-Ен.

Австралиската морнарица на Твитер соопштила дека бродот пристигнал во Сан Диего во саботата откако ги тестирал своите борбени системи крај брегот на Калифорнија.

"Инциденти како овој се ретки. Китовите на долги растојанија можат да ги слушнат бродовите и генерално ги избегнуваат. Тие можат да бидат збунети во плитките води со нискофреквентен сонар, но австралиски брод е опремен со високофреквентен сонар", рече Карл Шустер поранешен капетан на американската морнарица.

NOAA Fisheries наведува дека судир на кит со брод може да се случи додека овие животни се хранат и мигрираат покрај крајбрежните води.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. /МИА

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес.

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн денеска поднесе оставка, откако против него беше покренато обвинение поради корупциски скандал поврзан со доделувањето владина концесија за управување со три државни болници на досега непозната здравствена групација во 2015 година.

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес без да биде одговорен за скандалот, а премиерот побарал од него да ја преиспита својата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Ферн побара од Абела да се откаже од плановите да го номинира за член од Малта на следното свикување на Европската комисија (ЕК). /МИА

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. /МИА

притисни ентер