Австралиски медиуми казнети со 1,1 милион долари поради случајот на кардиналот Пел

 Австралискиот суд донесе одлука дека дванаесет медиумски компании мора да платат казна од вкупно 1,1 милион австралиски долари за објавување делови од обвинението против поранешниот благајник на Ватикан, Џорџ Пел, за сексуално злоставување дец

Кардиналот Пел, поранешен благајник во Ватикан и поранешен советник на папата Франциск, беше осуден од поротата во декември 2018 година за сексуално злоставување на две момчиња во катедралата во Мелбурн во 1996 година. Австралискиот висок суд едногласно ја поништи таа пресуда во април минатата година.

На медиумите им беше забрането да известуваат за судењето и пресудата од 2018 година, за да не влијае на второто судење, кое подоцна беше отфрлено.

Сепак, некои австралиски медиуми пишуваа за случајот, а 12 медиуми и 18 новинари се најдоа на обвинителна клупа на крајот на минатата година.

Судијата на Високиот суд во Викторија, Џон Диксон донесе пресуда со која се утврдува дека медиумите „ја загрозиле наредбата за забрана со минимизирање на нејзиното значење или ефективност со тоа што известувале спротивно на нејзините одредби".

Пред да биде поништена пресудата против него, Пел помина повеќе од една година во затвор како највисок функционер на Католичката црква затворен под обвинение за сексуално злоставување деца.

Судијата Диксон рече дека не ја прифаќа одбраната на медиумите дека тие ја прекршиле забраната со искрено верување дека нивниот начин на известување не е во спротивност со одредбите на таа забрана.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

притисни ентер