Австралија воведува посебни возачки дозволи за возење суперспортски автомобили

Причината е несреќа во која загина петнаесетгодишно девојче.

Се случила во 2019 година, додека Софија Нејсмит одела по тротоарот. Ја прегази Ламборџини Хуракан откако возачот изгубил контрола над автомобилот поради несоодветна брзина. Поради тоа, властите на Јужна Австралија одлучија да воведат посебни возачки дозволи за сопствениците на спортски автомобили.

Т.н UHPV (возила со ултра висока моќност) кои се дефинирани сопоред специфичната моќност. Поточно, станува збор за возила полесни од 4500 kg чија специфична моќност надминува 276 kW по тон. Од оваа одредба се исклучени автобусите и мотоциклите, но се проценува дека и понатаму ќе подлежат на околу 200 модели.

Возачите на вакви возила ќе треба да поминат посебен тест за да добијат У дозвола. „Овој тест е моментално во развој и ќе осигури дека лицето е свесно за ризиците поврзани со возењето UHPV и користењето на заедничките карактеристики на возилото во напредните системи за помош на возачот“, изјави за Drive портпаролот на Министерството за транспорт на Јужна Австралија.

Дополнително, додека возите на јавни патишта, системите за безбедносна помош како ESP и TC, т.е. системи за електронска контрола на стабилноста и лизгање на погонските тркала не смеат да се исклучуваат. Ова правило е веќе на сила, а прекршителите во возилата UHPV се казнуваат до 5000 долари, на пример за деактивирање на ESC. Истовремено се воведени и построги казни за прекршителите кои со несовесно возење предизвикуваат сообраќајна незгода со тешки повреди. Во тој случај, затворската казна се зголемува од постоечките 12 месеци на најмногу седум години.

Специјалната возачка дозвола ќе стапи на сила на 1 декември 2024 година, дознава Australian Drive.

Прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Во Скопје се одржува прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети. Целта е преку размена на искуства овие студенти да напредуваат во кариерата, но се дискутираше и за појавата на вештачката интелигенција и нејзиното влијание.

Техничките професии се едни од најценетите во светски рамки. Кадарот од електро-техничкиот сектор е еден од најбараните во индустријата, каде забрзано се користат иновативни решенија.

Студентите од техничките факултети велат дека поседуваат квалитет за нашите компании. Тие веруваат дека земјава ќе го искористи нивниот потенцијал. Во спротивно, заминување во странство не е исклучено како опција

Преку вмрежување, до подобри знаења и усовршување во кариерата што следи. Тоа е главната цел на годишениот прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети кој се одржува во Македонија.

Студентите од земјава се почесто пројавуваат интерес за сопствен бизнис, од кој, како што велат, бенефит ќе има и самата држава.

Преку креирање на мерки, земјава мора да најде начин како квалитетните студенти од техничките факултети ќе ги задржи тука, со цел да се сопре одливот на мозоци од државава.

Вештачката интелегенција е една од темите на годишениот конгрес, и студентите велат – таа нема да не уништи како човештво, туку значително ќе ни го олесни животот.

На конгресот, кој завршува утре, студентите од земјава и регионот ќе имаат можност да проследат покрај предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, и теми поврзани со длабоко учење, невронски мрежи и хибридни комуникациски системи.

Мицотакис со став: Ако не се почитува Преспанскиот договор ќе има проблеми

Ако новата влада не го почитува Преспанскиот договор ќе има проблем. Ова е ставот на грчкиот премиер Мицотакис запрашан за реакцијата на Грција доколку новите власти во Македонија не го употребуваат уставното име. 

Грчките власти не дочекаа ниту да седне во новата фотеља новиот владин состав и веднаш ја започнаа реториката за почитувањето на обврските од преспанскито договор. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во земјава од грчка страна се следат со загриженост и со голем интерес се чека официјалниот став на новата власт за тоа како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави. Тој во интевјуто посочи дека ќе бидат трпеливи и дека се надева дека тоа што се зборуваше пред зиборно од ВМРО нема да биде и официјална позиција на новата Влада.

„Со загриженост гледам некои изјави на функционери на ВМРО и ќе го чекам официјалниот став на мандатарот за да видам како ќе се повика на името на својата држава. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но, јас го прифатив договорот во контекст на континуитетот на државата и препознав дека и покрај моето несогласување, истите ставови сега постојат од раководството на државата и ако бидат искажани по изборите, ќе имаме проблеми“.

Мицотакис во интервјуто рече дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено во деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата и рече дека и покрај тоа што тој не се согласува со него, одбрал да го почитува па затоа се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

Инаку победата на ВМРО на изборите изминатите неколку дена е топ тема во грчките медиуми, каде акцентот е ставен на употребата на името „Македонија“ почитувањето на преспанскиот договор, но и на ставот на официјална Атина за конкретното прашање и со особено внимане ќе се следи како идната претсдателка ќе положи заклетва и дали ќе каже само Македонија.

Ахмети: Потпишавме договор со кој се гарантира дека земјата ќе го продолжи европскиот пат

Од Европскиот фронт денеска на посебен настан презентираа документ за кој велат дека е договор меѓу сите албански партии да инсистираат на уставни измени и внесување на Бугарите во истиот, пред да бидат дел од новата Влада…

Европскиот фронт на прес конференција го откри договорот што го потпишале сите партиски лидери.

Заедничка политичка декларација

Почетокот на преговорите со Европската Униа (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја.

Имајќи ja предвид актуелната политичка криза во Македонија ние

долупотпишаните се придружуваме со обединет глас да одговориме на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.

Актуелната криза, тесно поврзана со предложените уставни измени, бара итно внимание и конструктивни напори за заштита на демократските принципи и благосостобата на граѓаните на Македонија.

Предложените уставни измени создадоа ситуација која бара внимателно разгледуванье,

отворен дијалог и заедничка посветеност за изнаоѓање трајно и сеопфатно решение.

Во овој дух на единство и колективна одговорност jа претставуваме оваа заедничка

политичка изјава, согледувајќи ја итноста и тежината на предизвиците со кои се соочува

Македонија.

За овие цели ние како политички партии изјавуваме:

Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа

државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ.

Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред)

Арбен Таравари

Африм Гаши

Али Ахмети

Билал Касами

Изет Меџити

притисни ентер