Авион се урна врз куќа во Детроит, три лица загинаа

Три лица загинаа откако мал авион се урна во куќа надвор од Детроит, објави шерифот на округот Оукленд.

Пилот и двајца патници го загубија животот откако малиот авион со кој се превезувале се урнал врз куќа во предградието на Детроит.

Како што пренесуваат странските медиуми, во станбениот објект живеело петчлено семејство кое се спасило поради брзата евакуација од куќата која веднаш се запалила.

Сопственикот на куќата, Ерик Мален за локалните медиуми изјавил дека негов најголем страв од секогаш било токму ваков инцидент бидејќи неговиот дом се наоѓал на траекторијата на авионите кон блиската аеродромска писта.

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер