Авганистанските новинари молат за меѓународна помош

Повеќе од 100 авганистански новинари ја повикаа меѓународната заедница активно да ја заштити слободата на медиумите во Авганистан, пренесува агенцијата Dpa.

Во моментов, најважно е да се добијат безбедносни гаранции, особено за новинарите, се вели во анонимната жалба на групата преку Репортери без граници (РСФ). Честите напади врз новинарите и мешањето на талибанците во нивната работа ги натера да се плашат од најлошото, велат новинарите.

Апелот, насловен „Новинарите во Авганистан во опасност од исчезнување“, е потпишан од етнички и политички разновидна група од 103 новинари, уредници и фоторепортери, вклучувајќи 20 жени, соопшти РСФ. Повеќето од нив се уште работат во Авганистан, некои се кријат, а 10 се во егзил. Сите сакале да останат анонимни од страв од одмазда кон нив или членовите на семејствата.

Новинарите бараат итна конкретна помош за да работат редакциите во Авганистан. Тие исто така бараат привремена дипломатска, конзуларна и финансиска помош за евакуација на ранливите новинари. РСФ го поздрави ветувањето на германското Министерство за внатрешни работи дека ќе прими 2.600 Авганистанци на кои им е потребна посебна заштита, како и нивните семејства.

РФС на германското Министерство за надворешни работи му го предал списокот со имињата на повеќе од 152 новинари кои се во голема опасност по својот живот во Авганистан. Меѓу нив има десетина новинари.

"Талибанците покажаа дека нема да ја толерираат слободата на медиумите, ниту во Кабул ниту во провинциите. Постои закана од враќање во петгодишниот мрачен период од првото владеење на талибанците", изјави извршниот директор на РСФ, Кристијан Михр.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер