Ауди ја одложи премиерата на електричната лимузина, А8 останува во продажба (ФОТО)

Електрификацијата на европскиот пазар не оди според очекувањата, а најновиот доказ доаѓа од Audi.

Audi на тој начин одлучи да ја одложи премиерата на новата лимузина најавена во 2021 година со концептот Grandsphere. Затоа, A8 ќе продолжи да се нуди, пред сѐ поради значајните пазарни резултати. Да потсетиме, електричниот наследник на „осумката“ беше најавен за 2024 година, а сега неговото лансирање е одложено за 2027 година.

Четвртата генерација на Audi A8, која беше претставена во 2017 година, најверојатно ќе помине низ уште еден редизајн. Портпаролот на Audi потврди за Auto Motor und Sport дека не планираат да го прекинат производството на A8, истакнувајќи ја одличната продажба во Кина.

Изданието потврдува дека Audi моментално размислува за опсегот и времето на фејслифтирањето на својот најпрестижен модел.

За потсетување, A8 се нуди и во Кина во особено успешна A8 L верзија продолжена на 5422 mm. Понудата е богата, а во иднина дополнително ќе се прошири со дополнителни опции за персонализација. За европскиот и американскиот пазар се уште не се зборува.

Со ова, BMW и Mercedes ќе останат единствените германски претставници со престижни електрични крстосувачи во форма на моделите i7 и EQS. Во гамата на Audi, електричниот врв моментално го претставуваат E-Tron GT и новиот A6 E-Tron, што се очекува.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер