Ауди ги претстави новите Q8 e-tron и SQ8 (ВИДЕО)

Audi ги претставува обновените модели со нова номенклатура.

Сите, а веројатно и самиот Audi, заборавиле дека електричниот R8 е првиот електричен модел, но и првиот што ја носи ознаката e-tron. Во 2018 година на сцена стапи моделот E-Tron, а потоа со текот на времето Audi сфати дека терминот e-tron подобро се користи во суфиксот како додаток кој означува електричен погон, а не како подмарка. Во меѓувреме пристигнаа седум такви модели, а со нив сега и обновениот пионер кој го добива своето вистинско име – Q8 e-tron.

Откако се разјаснија сомнежите за името и се утврди дека ова е актуелниот електричен топ-модел на Audi, вреди да се каже што носи фејслифтингот. Во принцип, не толку многу. Во однос на естетиката, автомобилот доби препознатлива предна маска, зголемени се доводите за воздух и на крајот подобрена е аеродинамиката. Последново веројатно се должи на електрично контролираните клапи на гореспоменатата маска.

Познавачите на Audi ќе го забележат новото лого. Амблемот е поедноставен според формулата на другите брендови и го загуби 3Д ефектот. Ова е исто така првото Audi со натпис на брендот на заградата.

Бидејќи во кабината нема важни иновации, да преминеме на технологијата. Почетниот модел Q8 50 e-tron бележи зголемување на капацитетот на батеријата од 69 на 89 kWh (вкупно 95 kWh), а зголемувањето на капацитетот за 29% значи зголемување на опсегот од 341 на 491 km, или 505 km за Sportback верзијата.

Понатаму на листата се Q8 55 e-tron и SQ8 e-tron, и двата со капацитет на батерија од 106 kWh (114 kWh бруто). Првиот има два електромотори и автономија од 582 km (Sportback 600 km), додека SQ8 со три електромотори нуди опсег од 494 km, односно 513 km за Sportback.

Најслабата верзија сè уште ја задржува максималната моќност на полнење од 150 kW, додека помоќните верзии можат да примат до 170 kW. Audi забележува дека полнењето од 10 до 80 проценти трае само 31 минута. Сепак, тоа е значително помала јачина во споредба со најдобрите.

Полнењето на AC полначот трае 9 часа и 15 минути на полначот од 11 KW или 4 часа и 45 минути на полначот од 22 kW. На поголемата батерија ѝ требаат 11 часа и 30 минути или 6 часа на 22 kW AC полнач. Електричните мотори се прилагодени. Асинхрониот мотор сега може да испорача до 250 kW и 664 Nm во режим на засилување. Помоќниот Q8 55 e-tron испорачува 300 kW и 664 Nm, а SQ8 370 kW и 973 Nm.

Иако има моќ и луксуз, ова Audi го носи епитетот на јаглеродно неутрално. Ова е резултат на вградувањето на рециклирани материјали, особено во кабината, каде што се врши изолација и амортизација, додека некои делови во голема мера се направени од отпадна ПЕТ амбалажа и пластика рециклирана од автомобили.

Новиот модел ќе пристигне на европските пазари веќе во февруари, а листите за нарачки ќе бидат отворени до крајот на месецот. Почетната цена на германскиот пазар е 74.400 евра.

Цел град во мрак: Невреме го покоси Хјустон, најмалку четворица загинати

Четири лица загинаа во силно невреме во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас.

Две лица загинаа кога врз нив паднаа дрвја, кои беа соборени од ветрот, кој за време на невремето достигна брзина и до 160 километри на час, пренесува АП.

Без струја останаа околу 870.000 потрошувачи. Невремето собори дрвја и искрши прозорци на високи згради, а локалните власти ги повикаа жителите да останат внатре.

Голем дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа покриени со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла беа исклучени низ градот, рече градоначалникот Џон Витмајер во интервју за локалната телевизија.

Зборувајќи од центарот за итни операции во градот, Витмајер рече дека невремето го погодило Хјустон, на брегот на Персискиот залив во југоисточната американска држава Тексас и најнаселен урбан центар во државата, со ветрови од 129-161 километар на час.

Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно.

Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1.104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1.100 лица.

Полската армија нуди летни кампови како алтернативна сезонска работа

 Војската на Полска ја проширува доброволната програма за воена обука за граѓаните и воведува летни кампови, со цел да регрутира војници со скратено работно време во неизвесните времиња по руската инвазија врз Украина.

- Првпат летово стартува програмата наречена „Одмор со армијата“, соопшти полското Министерство за одбрана.

Мажите и жените на возраст од 18 до 35 години, кои имаат полско државјанство можат да се пријават за 27 дена основна воена обука во една од 70-те воени бази, за што ќе добијат плата од 1.520 долари.

- Понудата првенствено е наменета за матуранти, но и за студенти и лица кои бараат работа за време на празниците. Воениот рок може да стане алтернатива на сезонската работа, се наведува во соопштението.

Обуката ќе се состои од гаѓање, ориентација на терен, блиска борба, ракување со радиоопрема и воени возила.

Граѓаните кои ќе ја завршат програмата можат да одлучат дали ќе станат професионални или резервни војници или членови на волонтерски единици за национална безбедност.

Понудата е дел од проширувањето на еднодневните цивилни курсеви кои се организираат од 2022 година под името „Тренирај со армијата“ и се многу популарни.

притисни ентер