Ашаданов за поразот од Португалија: Имавме 23 изгубени топки, тоа е премногу

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов не е задоволен од изданието на неговите избранички на вчерашнито натпревар со Португалија.

Гостинките победија со убедливи 76:43.

- Противникот покажа дека има поквалитетна екипа од нашата, го потврди тоа и на теренот. Очекував подобри минути од нас, да бидеме што е можно поконкуретни. Но евидентно е дека ни треба доста повеќе за да биде така со физички посилни репрезентации какви што се и Украина и Португалија. Имавме 23 изгубени топки, тоа е премногу. На нас останува во периодот што следи да направиме некои промени доколку сакаме да фатиме приклучок со останатите репрезентации, изјави Ашаданов.

Во Г-групата од квалификациите за Евробаскет 2025, македонската репрезентација наредните две средби ќе ги игра против Србија и Украина на гостински терен. /МИА

Европските и американските експерти не се согласуваат за пресечените кабли во Балтичкото Море

Инспекторите се обидуваат да ја откријат мистеријата за тоа како два подводни интернет кабли биле исечени во Балтичкото Море за неколку часа.

Европските власти веруваат дека станува збор за саботажа, додека американските власти веруваат дека се работело за несреќа.

Два кабли, еден што ги поврзува Литванија и Шведска, а друг што ги поврзува Финска и Германија, ненадејно се прекинати во неделата и понеделникот.

Европските лидери побрзаа да ги изразат своите сомнежи дека станува збор за некаква саботажа. Прв меѓу нив беше германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој рече дека „никој не верува дека овие кабли биле случајно исечени“.

Министрите за надворешни работи на Финска и Германија во заедничката изјава рекоа дека се „длабоко загрижени“ за инцидентот, а потоа ја истакнаа можноста дека тоа е дел од „хибридна војна“, конкретно спомнувајќи ја Русија во изјавата.

Русија претходно во неколку наврати беше обвинета за хибридна војна против Европа, по сомнителните траги од сомнителни инциденти, пожари, експлозии и други дејствија кои наводно довеле до Москва.

Прекините на кабелот се случија неколку недели откако Вашингтон предупреди дека Москва би можела намерно да ја таргетира критичната подводна инфраструктура. Ова уследи по неколкумесечни сомнителни движења на руски бродови во европските води.

Но, двајца американски функционери кои се запознаени со случајот тврдат дека тоа не е саботажа и дека штетата не е предизвикана од намерна активност на Русија или која било друга земја. Наместо тоа, тие рекоа за CNN дека веруваат дека кабелот се скинал откако сидро било влечено по морското дно. Вакви инциденти се случувале и порано, но никогаш толку брзо еден по друг.

Кремљ вчера ги отфрли обвинувањата на европските претставници, нарекувајќи ги смешни.

„Апсурдно е што без никаква основа Москва е обвинета за што било“, беше објавено.

Сепак, овие наводи не ги спречија властите во Шведска и Финска да продолжат да веруваат дека работата била насочена кон саботажа. Шведското обвинителство во вторникот објави дека покренало прелиминарна истрага поради сомневања за саботажа. Потоа, вчера, Националното биро за истраги на Финска објави дека отвора кривична истрага за сериозни злосторства поврзани со прекинот.

Еден брод, кој бил забележан во Балтичкото Море, привлече јавен интерес. Податоците за следење на бродот покажуваат дека Ји Пенг 3, кој пловел под кинеско знаме, наводно поминал преку двата кабли во моментот кога биле исечени.

Првиот кабел бил отсечен околу десет часот наутро во неделата по локално време, додека вториот во понеделникот во четири часот наутро, покажуваат податоците на финскиот телекомуникациски оператор. Бродот со лабавиот товар отпловил од руско пристаниште, каде што бил закотвен неколку дена.

Американските власти веруваат дека споменатиот кинески брод бил вмешан во инцидентот. Сепак, тие тврдат дека досега не нашле докази дека некој на овој брод некому му наредил да им го направи ова на каблите.

Вакви несреќи имало и порано, но она што создава возбуда е фактот што досега не се случило два кабли да се исечат за толку кратко време. Овој брод моментално е закотвен во меѓународни води на околу 50 километри од брегот на Данска и Финска.

„Ји Пен 3“ испловил од Балтичкото Море од пристаништето Вистино во Русија. Податоците за следење на бродот покажуваат дека тој преминал со друга подводна инфраструктура на Балтикот, вклучувајќи четири гасоводи и нафтоводи, далновод и уште еден телекомуникациски кабел во изградба.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи за време на брифингот за медиумите рече дека „не бил свесен за оваа ситуација“.

Тренерот на Денвер откри што се случува со Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, ги пропушти последните три натпревари за Денвер, а како што стојат работите се уште нема да биде во тимот на Нагетс.

На еден од тренинзите тренерот Мајк Мелоун беше прашан за Ерон Гордон и Никола Јокиќ. Тој накратко одговори:

- Не и не. Ерон се опоравува, а Никола денеска не беше на тренинг. Тој е со семејството... – изјави тренерот Мајк Мелоун.

Црква во Швајцарија воведе вештачка интелигенција за „разговор со Исус“- се чека во редици

Црквата Свети Петар во Луцерн се најде во центарот на вниманието на медиумите по информацијата дека верниците можат директно да разговараат со Исус Христос, поточно со неговиот холограм со вештачка интелигенција.

Станува збор за уметничкиот проект Deus in Machina (Бог во машината), а верниците имаат можност да се исповедаат на вештачката интелигенција, да поставуваат различни прашања за верата и да добијат одговори од дигитално прикажан Исус.

Најмалку две третини од верниците, кои зборувале со верзијата на Исус со вештачка интелигенција, велат дека имале „духовно искуство“. Еден од нив изјавил за локалните медиуми: „Бев изненаден, беше толку лесно, иако беше машина. Добив толку многу совети “.

Сепак, не сите се импресионирани. Поединци известуваат дека одговорите и советите на вештачката интелигенција биле „генерички“. Покрај тоа, тие целиот проект го нарекоа „финта“, пренесува Дејли Мејл.

Оваа инсталација е привремена, иако претставниците на црквата наведуваат дека слични чат-ботови со вештачка интелигенција би можеле во иднина да „преземат одредени одговорности на пасторите“.

Постапката е едноставна, а подразбира дека верникот влегува во исповедалницата и поставува прашање - или ја презентира својата приказна, по што вештачката интелигенција ги дава одговорите. Анимираното лице на Исус се движи во реално време, во однос на компјутерски генерираниот говор.

Верзијата на Исус со вештачка интелигенција е способна да зборува 100 различни јазици, со цел да се сретне со многубројните туристи кои го посетуваат швајцарскиот град Луцерн.

По влегувањето во исповедалницата, верниците се пречекани со порака „да не откриваат лични податоци под никакви околности“, да ја користат оваа услуга „на сопствен ризик“ и да притиснат копче доколку „ги прифаќаат условите“.

Многу верници открија дека имале прашања во врска со Светото писмо или дека побарале духовен совет. Така, неименуван маж рекол: „Прашав како да ја прекинам спиралата на насилство, а одговорот беше – со молитва, а не со одмазда“.

Проектот за вештачка интелигенција е создаден од истражувачи и теолози од Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн. Свесни се дека одговорите што ги добиваат верниците нема да ги задоволат сите и нагласуваат дека сакаат да започнат разговор за улогата на вештачката интелигенција во религијата.

„Ова е експеримент. Сакавме да започнеме дискусија со тоа што ќе им дозволиме на луѓето да имаат конкретно искуство со вештачката интелигенција. На тој начин, имаме основа да разговараме меѓу себе“, се вели во соопштението.

притисни ентер