Истражување: Македонските граѓани уредно ги сервисираат плаќањата за комуналии и услуги кон банките и осигурителни компании

Од вкупно издадените сметки, на извршување доаѓаат не цели 2 отсто од плаќањата за услуги од банките, осигурителни компании и комуналии.

Македонските граѓани уредно си ги сервисираат плаќањата и уредно одговараат на своите обврски за комуналии и услугите кон банките и осигурителни компании, истакна Весна Деловска, извршител од Скопје, на денешната презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање" направено од страна на компанијата „EOS Матрих Македонија".

Таа додаде дека од вкупно издадените сметки, на извршување доаѓаат не цели 2 отсто од плаќањата за услуги од банките, осигурителни компании и комуналии.

– Одговорно тврдам дека рамо до рамо сме со европските земји за навиките за плаќање. Од вкупната отвореност на банките, осигурителни компании и пружатели на комунални услуги, има само не цели 2 отсто кои доаѓаат на извршување. Постои една група социјално ранлива категорија на социјално загрозени семејства. Минатата недела веќе стапија на сила измени на Законот за извршување, со кои веќе се даде едно олеснување во делот на начинот на наплата на тие долгови, рече Деловска и додаде дека од досегашното извршување, лимитирано на една третина од приходот од платата или пензијата на луѓето веќе се донесоа измени, извршувањето ќе се движи на една петина од платата или пензијата.

Потсети дека пред два дена стапил на сила уште еден Закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови, и додаде дека резултатите од овој закон ќе ги видиме веројатно за три до четири месеци, бидејќи самите доверители добиле законски рок од три месеци во кои треба нормално да стапат во контакт со должниците, да склучат спогодби и да се договорат за начинот на отплата на тие стари и заостанати долгови.

Катерина Бошковска, генерален директор на компанијата „EOS Матрих Македонија" на денешното обраќање појасни дека проблемите со неплаќање на обврските во европските држави се разликуваат по степенот на морална одговорност, начинот на кој што се пристапува во решавање на проблемот, и правната рамка како потребна сигурност за едно рамноправно решавање на проблемите на двете договорени страни во должничко доверителните односи.

Целта на денешната презентација, како што појасни, е да се направат споредбите, на она што се случува кај нас, и она што е навика во Европа, притоа потенцира дека проблеми со неплаќање на обврските постојат не само кај нас, постојат во европските држави.

-Од нашето истражување резултатите говорат дека Западна Европа и е многу подобра во постапките во процесот на наплатата на своите обврски, од нашите испитаници кај физички лица, се смета дека некаде околу 84 отсто навремено одговараат на своите обврски додека кај правните лица тој процент е 79, додаде таа.

Новина оваа година, како што информира Бошковска, е применета на вештачката интелигенција во процесот на наплатата на побарувањето и тоа за нас како држава истакна дека е особено значајно затоа што ние сакаме да ги следиме новите европски текови.

-Јасно е дека сите ние во напорите да наплатиме мораме да се трудиме да бидеме и социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти, а од друга страна да сме во линија со регулативата , да ги следиме трендовите на дигитализација и со создавање на една дигиталона стратегија суштински да го редефинираме начинот на кој го водиме својот бизнис, што подразбира целосна дигитална трансформација на применетите бизнис модели и приспособување на стратегиите на бизнисот кон новите услоги, додаде Бошковска.

Истражувањето „Европски платежни навики" компанијата „EOS Матрих Македонија" го спроведе со испитувања на преку 3.400 компании во Европа и споредено со 17 европски земји. /МИА

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата

Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР.

Во рамки на посетата министерот направил кратка обиколка на центарот, ја посетил спомен собата на ЕБР и оддржа работен состанок со поширокото раководство на двете единици.

-Од страна на командантите на двете Единици бев запознаен со структурата и делокругот на нивната работа и во тој поглед ЕБР е Единица која постапува главно за воспоставување на јавниот ред и мир при спортски натпревари, јавни манифестации и масовни демонстрации, при справување со вооружени и екстремистички криминални банди во планински и рурални средини, при апсење на опасни лица, а дава асистенција и на други организациски единици во МВР, но и на други институции. Исто така, беше потенциран проблемот со трендот на намалување на бројот на припадници на Единицата и се помалиот интерес за работа што во иднина може да го доведе во прашање високото ниво на ефикасност во нивната работа. Од аспект на опрема потребен е континуитет во набавката на опрема и возила кои недостастуваат во последниот период, подвлекол министерот Тошковски.

Како што стои во денешното соопштение од МВР, што се однесува до ЕОП оваа Единица е сочинета од 3 батаљони кои се сочинети од редот на редовните полициски службеници низ Секторите за внатрешни работи. Нивниот делокруг на работа, велат од Министерството, е главно при нарушен ЈРМ од поголем обем и давање на поддршка и спроведување на обуки за другите организациски единици во Министерството.

Од страна на министерот Тошковски била изразена благодарност за професионализмот што го покажаа во контекст на изборите и кој овозможи да имаме безбеден изборен ден и потенцираше дека во иднина секогаш ќе дава поддршка на специјалните единици бидејќи тие се првиот столб за заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата.

ФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”

Од ФИРТ информираат дека вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании. Рокот за аплицирање на јавниот повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации” е до 4 јуни 2024 година, до 14:00 часот. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк.

Од ФИРТ информираат дека вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра, а Фондот обезбедува финансиска поддршка во износ од 20 милиони денари, односно финансирање до 70 отсто или до 60 отсто од вкупниот буџет на проектот, во зависност од бројот на вработени и годишниот приохд остварен во последните две години. Времетраењето на проектите може да биде до 24 месеци.

Како што поосочуваат, повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза. Доколку предлог проектот се поднесува од страна на конзорциум, во тој случај предлог проектот го поднесува водечкиот апликант, а членови на конзорциумот можат да бидат претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и странство.

-Дополнително, со овој инструмент ги поттикнуваме компаниите да бараат дополнителни извори на финансирање, па така доколку за времетрањето на проектот а се до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститот кој вложил износ кој изнесува најмалку 50 отсто од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, во тој случај корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти, посочуваат од Фондот.

Од ФИТР велат дека активности кои ќе бидат одобрени за финансирање во рамките на повикот се за истражување и развој, тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуалната сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба.

-Како главни критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите се: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание на проектот. Поцесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериуммите за евалуација и едно лице од областа што соодветсвува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кои ја носат и финалната одлука за финансирање на проектите, соопштуваат од ФИТР.

Роча на чело на шпанскиот фудбал

 Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е избран денеска за нов челник на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Во четвртокот, шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“. /МИА

притисни ентер