Поради дожд, ситни одрони на повеќе места на патниот правец Делчево – Кочани

Дождот кој го зафати Пијанечкиот регион ги врати одроните на патниот правец Делчево – Кочани. Возачи информираат дека одроните иако се од помал обем сепак се доволни да предизвикаат штета на возилата.

-Апелираме сите кои патуваат преку овој патен правец да внимаваат, бидејки одроните се на повеќе места, почнувајки од Кочани кон Македонска Каменица после Истибања, како и од Македонска Каменица кон Делчево во атарот на селата Илиово и Драмче. Иако се работи за ситни одрони сепак при брзо возење истите можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот, велат возачите.

Додаваат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози, а дополнителен проблем на возачите покрај дождот им прави и маглата, што според нив е уште една причина учесниците во сообраќајот да возат внимателно.

Од „Македонија пат” посочија дека нивни екипи редовно го контролираат теренот и онаму каде има појава на одрони се реагира согласно можностите за работа во вечерни услови. /МИА

СДСМ: Медиумите кои штанцаат лажни вести да не се однесуваат како режимска партија

​Медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа, да не се однесуваат како режимска политичка партија, нивната работа мора да биде согласно стандардите.

Наместо како медиуми, дејствувањето на Телевизија Алфа, Република, Курир, Нетпрес и Лидер се повеќе наликува на режимска политичка партија, опонент на владејачкото мнозинство.

СДСМ отсекогаш работела и ќе работи на заштита и унапредување на новианрските и медиумските слободи. Денес, сите медиуми критички ја следат работата на Владата и владејачкото мнзоинство.

Но медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа ТВ и одредени интернет портали наместо да известуваат објективно се однесуваат како режимска политичка партија. Тоа е одлика на едно минато време, кое никогаш веќе нема да се повтори.

Како што објави истражувањето на словеченки медиуми, 2,5 милиони евра црни пари од Будимпешта влегле во медиуми кои преку лажни вести имаат задача да работат против интеграцијата во НАТО и ЕУ. Јавен интерес е овој скандал целосно да се расчисти.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ахмети: Баравме судењето да се повтори зашто како партија плативме превисока цена

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и обвинителот Џелал Бајрами сведочеа за случајот “Монструм”.

Ахмети пред судот кажа дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро дознал следниот ден од медумите. Како лидер на партија бил загрижен дека по настанот ситуацијата може да ескалира, а за случајот разговарал со високи претставници од САД и Европската унија.

Обвинителката Фетаи го потсети Ахмети на споделените информации во разговорите кои ги водел со Сафет Незири, поранешен генерален секретар,  поранешниот министер Беџети и заменик министер Џелал Бајрами  во врска со случајот. Ахмети рече дека разгоарал со многу луѓе и се интересирал за петкратното убиство, затоа што тој секогаш велел дека без докази никој не треба да се обвинува, а за него и за партијата најважно било да се дојде до вистината. Ахмети кажа дека била формирана и работна група чија цел била да се повтори судењето.

Тој во изјава за медиумите кажа дека не може да суди дали обвинетите се виновни или не, но за неговата политичка партија вели дека ја платила највисоката цена.

„Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација, вклучително и семејствата кои ги загубија своите во овој трагичен настан, вклучувајќи ги и тие што беа осудени. И ние инсистиравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање . Ние очекуваме судските власти да го разрешат и расветлат случајот. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите нè обвинуваа дека сме поврзани со случајот, нема никој друг кој повеќе од нас сака да се расветли овој случај затоа што политичката цена ја плаќаме ние“

Вицепремиерот Османи во своето сведочење рече дека само еднаш се сретнал со семејството на Хаки Азири, кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката. Кажа дека семејството побарало од него да им каже каде е нивниот син.

 Џелал Бајрами, тогашниот заменик министер за внатрешни работи сведочеше дека екс министерката Јанкулоска во мај 2012та излегла на пресконференција и изнела тешки обвинувања за тогаш приведените лица, што не било поретходно договорено по што настанала тензична ситуација во МВР. Бајрами рече дека не се сеќава дека споделил информации за случајот со Ахмети, но кажа дека имал неформални разговори со него.

По рочишето адвокатката на семејствата кажа дека овие свеочења нема многу да придонесат за натамошниот тек на постапката.

Судењето продолжува на 27 февруари, за кога се повикани сведоците Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски.

Во Тетово одземени 489 килограми тутун и 415 кутии цигари од нелегални продавачи

Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово претпладнево се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале. 

При акција иснпекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.

– Во Тетово спроведовме акција за сузбивање на сивата економија, односно нелегална продажба на акцизна стока. Во акцијата одземени се 489 килограми режан тутун и 415 кутии со цигари. При спроведувањето на акцијата инспекторите се физички попречувани да ги одземат тутунот и цигарите. Дел од продавачите физички ги нападнале и ги вратиле назад дел од одземениот тутун и цигари, соопштија од Државниот пазарен инспекторат.

Иако биле нападнати инспекторите поминале без повреди, соопштија од ДПИ.

притисни ентер