КОРНЕТ ПОГАЧА

Рецепт на Станче Петковска.

Потребни состојки: 500 г брашно, 1 свеж квасец, 125 мл. млеко, 125 мл. јогурт, 100 гр. сирење со белка, 1 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 1 маргарин, 2 јајца, 1 филџан масло и малку сусам.

Постапка:

Во сад со 125 мл. млако млеко се става 1 свеж квасец и неколку лажици брашно.

Откако ќе стаса квасецот се додава во подлабок сад со 500 гр. брашно.

Потоа се додаваат: 1 јајце, 1 филџан масло, 1 лажиче сол и 125 мл. јогурт.

Се замесува тесто и откако добро ќе се измеси се остава да отстои 10-тина минути.

Тестото се дели на 7 дела и се формираат топчиња.

Од секое топче се сука помала кора.

6 кори се премачкуваат со маргарин и се поклопуваат една врз друга.

Седмата кора се сука поголема и со неа се покриваат останатите кори.

Од сите кори се сука поголема кора.

Кората се сече со нож на растојание од 2 прста од нејзиниот раб.

Потоа се сече на 8 еднакви дела.

Внатрешните 8 дела се сечат на половина и се добиваат 16 дела.

На внатрешните 16 дела се става по малку сирење со белка и се формираат фишеци, односно корнети.

Тие се редат на краевите од тавата премачкана со маргарин.

На правоаголните делови од тестото се става малку сирење со белка и се виткаат во форма на ролат.

Тие се редат исправени во тавата премачкана со масло.

Одозгора се премачкуваат со жолчка од јајца и се поросуваат со сусам.

Се пече во загреана рерна околу 40 минути на 200 степени.

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

По ведрото утро со наместа пониски температури, во петокот преки денот че преовладува сончево време со мала до умерена облачност. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 7, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 21 степен,

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер