Адвокатите на Трамп почнаа со одбраната : Би било опасно да се собори

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп започнаа да го бранат на судењето за негово отповикување во Сенатот, тврдејќи дека обидите на демократите да го соборат претседателот ќе значат „многу, многу опасен“ преседан во изборната година.

Лидерот на адвокатскиот тим, Пат Циполоне, им рече на сенаторите дека ќе им го одземе на гласачите правото да имаат мислење за Трамп на претседателските избори на 3 ноември доколку биде прогласен за виновен и отстранет од функцијата.

„Тие од вас бараат да направите нешто многу, многу големо и, јас би додал, многу, многу опасно“, рече Циполоне.

„Ќе покажеме дека претседателот не сторил апсолутно ништо лошо“, додаде тој.

Претставничкиот дом, каде мнозинството се демократи, изгласа минатиот месец отповикување на Трамп за обвинувањата дека ја злоупотребил функцијата со тоа што го притискал Киев да го испита неговиот веројатен противник на изборите за Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД.

Во второто обвинение, Трамп ја спречил конгресната истрага за случајот со тоа што не го дозволи сведочење и криел докази.

Претседателот ги негираше обвинувањата и целиот процес на отповикување го опиша како измама.

Сенатот се очекува да го ослободи затоа што се потребни две третини од гласовите во Домот во кој републиканците имаат мнозинство.

Досега ниту еден републикански сенатор не го одобри неговото отповикување, а неколкумина сметаа дека демократското претставување на доказите е неубедливо.

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

По ведрото утро со наместа пониски температури, во петокот преки денот че преовладува сончево време со мала до умерена облачност. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 7, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 21 степен,

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер