Демолирал ресторан - словачки министер поднесе оставка

Словачкиот министер за животна средина Ласло Солумос денеска поднесе оставка откако ноќеска заедно со неговиот брат, наводно под дејство на алкохол, учествувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава, пренесоа локалните медиуми.

Полицијата не го објави идентитетот на сторителот, но интернет страницата „pluska.sk“ ноќеска пренесе дека насилникот е Солумос, член на унгарско-словачката партија мост Хид.

Според медиумите, уапсеното пијано лице гласно негодувало заради апсењето, тврдејќи дека е министер за заштита на животната средина.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини утрово го повикал Солумос и од него побарал јавно да се извини. Министерот по средбата објави дека поднесува оставка.

Ѓорѓиевски: СДСМ со фалсификат поништуваат решенија во МВР

Очајни се намерите на СДСМ и Оливер Спасовски да го опструираат работењето на техничката Влада која треба да ги спроведе изборите.

Стравот на СДСМ и Оливер Спасовски е дотолку голем да свесно прават кривични дела и кривични прекршоци за кои после 12-ти април ќе мора да одговараат.

Откако не им успеа лажната вест дека Наќе Чулев ќе си даде оставка од позицијата министер за внатрешни работи, вчера доцна вечерта, Владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев незаконски разрешува и поништува решенија за прераспределување на кадри во МВР, со што свесно вршат кривично дело фалсификат според член 361 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Срамно, очајно и противзаконски е Оливер Спасовски заедно со стручните служби од Владата, кои исто така подлежат на кривична одговорност, да вршат груб фалсификат на одлуки на седница на Владата.

Одлуката која е објавена во Службен Весник е сосема различна од онаа која што е усвоена на Влада. Фалсификатот, почитувани е казниво дело за кое што се лежи во затвор и се одговара.

Очигледни се намерите на СДСМ и Оливер Спасовски да се спасат од целиот криминал кој што го имаат направено изминативе години.

Криминалците Оливер Спасовски и Зоран Заев сакаат да се спасат од криминалот кој што го направиле, правејќи секојдневно нови криминали.

Оваа техничка Влада која треба да овозможи миниум фер и демократски избори, за жал нема ниту миниум услови за работа и секојдневно трпи опструкции од остатоците на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Едно е јасно, почитувани

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кои следат и секој кој што направил криминал и се огрешил пред законите во Република Македонија ќе одговара.

Дојде крајот на криминалците Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Меѓаши: Децата тешко се охрабруваат да пријават прекршување на правата

Насилството е сеуште еден од главните проблеми поради кој звони телефонот на СОС за деца и младинци. 

Без разлика дали станува збор за семејно, меѓуврсничко или насилство во образовните установи, а најголем број од оние кои се јавуваат се Македонци, а по нив следат Ромите и Албанците.

Според СОС линијата, кога станува збор за семејното насилство, најголем дел од пријавите се засноваат на физички напади , а голем е бројот и на оние кои пријавуваат психичко малтретирање на децата.

Во текот на една година на СОС телефонот за деца и млади се регистрирани 113 случаи, при што се опфатени 228 деца, но сепак загрижувачки е податокот дека децата не се охрабруваат сами да го пријават кршењето на нивните права. Од детската амбасада Меѓаши велат дека е потребно да се направи повеќе за охрабрување на децата, да се информираат или да пријават прекршување на своите права.

Во податоците за дојави се истакнува барањето на материјална помош, а горлив проблем останува и прекршувањето на правата на детото при бракоразводните постапки, каде што во 85 проценти од случаите детето има проблем да си го види едниот од родителите.

Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев станал „стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска".

– Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но, добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април, пишува Мискоски на фејсбук. /МИА

притисни ентер