Ременски дојде во Обвинителството да изврши увид во доказите

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за организиран криминал  да изврши увид во доказите кои ги собрало Обвинителството во истрагата за невладината организација  Меѓународен сојуз .

Можност за увид во доказите имаат и прво осомничениот Бојан Јовановски кој беше претседател на организацијата и неговиот татко Миле Јовановски .

Вчера увид во доказите извршиле осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.

 По отворањето на случајот „Рекет“, обвинителството отвори  истрага за невладината  „Меѓународен сојуз“. Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови,

Собраниска делегација на редовна сесија на ПССЕ во Стразбур

Во текот на сесијата се очекуа ПС на СЕ да избере нов претседател.

Делегација на Собранието на Република Македонија во чиј состав се Бетиан Китев, Шпреса Хадри и Никола Попоски во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, од 26 до 31 јануари 2020 година, ќе учествуваат во првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, Франција.

Во текот на сесијата се очекуа ПС на СЕ да избере нов претседател, а на членовите да им се обратат претседателите на Грузија, Саломе Заурабичвили и на Република Молдавија, Игор Додон, грузискиот министер за надворешни работи и претседател на Комитетот на министрите, Давид Залкалиани, како и новоименуваниот генерален секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Во текот на сесијата, соопштија од собраниското Одделение за јавно информирање и односи со јавноста, седници ќе одржат и постојаните комитети на ПС на СЕ.  /МИА

Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат годините стаж што им фалат за да може да се стекнат со старосна пензија.

Ова го предвидува Предлог-законското решение кое е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Предлогот е поднесен од група пратеници од ДУИ, а како што појасни еден од предлагачите Реџаиљ Исмаили, иницијативата произлегува од барањата на граѓаните кои години наназад се соочуваат со ваков проблем.

–  Како резултат на барањата на многу граѓани, констатиравме дека ова прашање треба да се изготви како закон, рече Исмаили.

Пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе дадат поддршка на предлог-законот и оценија дека се работи за продолжување на законското решение што ВМРО-ДПМНЕ го донела во 2015 година. Најавија амандмани во второто читање со цел да се подобри законското решение. Дел од нив имаа забелешка на периодот во кој се поднесува законот и сметаат дека се работи за предизборен закон за купување на гласови.

Според Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, законот ќе предизвика финансиски импликации, на што реагираше Исмаили кој ги негираше ваквите тврдења со образожение дека со откупот на стажот ќе се слеат средства во Фондот на ПИОМ. Во однос на времето кога се поднесува законот, Исмаили појасни дека сега се предлага законот за да има континуитет по носењето на законот за стечајни работници.

Расправата по оваа точка од дневен ред продолжува по редовната едночасовна пауза. /МИА

Мицкоски и Муцунски денеска се сретнаа со Јоханес Реј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски денеска (24.01.2020) остварија средба со Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија.

На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата, актуелната политичка состојба во државата, македонската европерспектива и предизвиците со кои се соочуваме, како и за престојните парламентарни избори во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари за досегашната соработка со фондацијата која е на одлично ниво и е од особено значење во периодот пред предвремените парламентарни избори, размената на искуства и знаење во престојниот период е клучна.

Во однос на актуелната политичка ситуација Мицкоски ги посочи поразителните истражувања на „Транспаренси Интернешнл“ за перцепција на корупцијата според која Македонија е на врвот според корупцијата на Балканот како и она на угледниот британски весник „Економист“ кој ја класифицира нашата држава како „хибриден режим“.

Тој потенцираше дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија, но поради високата корупција и вмешаноста на високи државни и партиски функционери на СДСМ во коруптивни афери се загрозува нашата европска перспектива. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека по победата на 12 април, новата Влада има план како да се справи со овој горлив проблем и има план како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.

Соговорниците се согласија дека првиот и клучен услов за европската иднина на државата се фер и демократски избори на 12 април, волјата на граѓаните мора да се почитува.    

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер