ВМРО-ДПМНЕ: Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет

​Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори:

– Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра!?

– Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

– Колку бизнисмени биле жртва на Рекет!?

– Колку вкупно пари биле изрекетирани!?

Исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата.

Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13 разговарале за болници.

Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира.

Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!?

Русковска бега од вистината. Затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала.

Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад Рекет стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен.

Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на Рекет.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Утре се продава златниот часовник, најден покрај телото на најбогатиот патник на „Титаник“

Златен џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот човек на Титаник може да достигне цена од 175.000 евра на аукција.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја однел својата нова сопруга Медлин во чамец за спасување.

Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат е виден како пуши цигара и разговара со сопатник.

Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и бил пронајден неговиот скап џебен часовник Waltham од 14 каратно злато, со врежани букви JJA. Се очекува часовникот да достигне цена помеѓу 100.000 и 150.000 фунти кога утре ќе се појави на аукција во аукциската куќа Henry Aldridge & Son во Девизес, Вилтшир.

„Астор е добро познат како најбогат патник на РМС Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес“, рече аукционер Ендрју Олдриџ.

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер