Германските Социјалдемократи сепак остануваат во коалиција со Меркел

Германската Социјалдемократската партија (СПД) одлучи да остане во коалицијата на канцеларката Ангела Меркел, поставувајќи релативно умерени барања за климата, минималната плата и јавните услуги.

Предвремените избори на 30 ноември на двајцата нови лидери од левото крило на партијата предизвикаа стравувања за иднината на коалицијата, формирана со Конзервативците во 2018 година.

На партиската конференција, делегатите објавија двете партии заеднички да ја водат коалицијата по неколкумесечните превирања и многу лошите резултати на регионалните и на европските избори.

Водачите Саскија Ескен и Норбер Валтер-Борјанс, кои бараа нови преговори за коалицијата за време на внатрешната кампања, зборуваа за неколку теми со канцеларката Меркел , без прецизен рок.

Конзервативците велат дека нема да преговараат за договорот за коалиција од 2018 година, но релативно умерените барања што ги поднесоа новите лидери на СПД се чини дека значат избегнување на директно соочување со блокот ЦДУ / ЦСУ на Меркел.

На конгресот на партијата во Берлин, новите лидери беа во можност да ги убедат 600 делегати да го прифатат компромисот и засега да не зборуваат за излез од владејачката коалиција.

„Јас бев и останав скептичен во врска со иднината на оваа голема коалиција“, призна Ескен, кој рече дека на тимот треба да му се даде шанса да продолжи да владее со земјата. Околу 64 проценти од Германците го делат тоа мислење, според студијата објавена во четвртокот.

„Во демократијата, мора да се најдат компромиси, иако тие не треба да го заматуваат нашиот став“, одговори Волтер-Борјанс, став што го сподели и шефот на младите социјалисти, Кевин Куенер.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер