Зимата потопла, со просечни врнежи

Топла со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек се очекува да биде зимата.

Според УХМР, очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава.

Температурата на воздухот во декември, јануари и во февруари има поголема веројатност да биде натпросечна, со позитивно отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањата се очекува да бидат поизразени во источниот дел на земјата, каде што пак ќе има позитивно отстапување во однос на врнежите, кои во земјава се очекува да бидат просечни.

Овој месец температурата се очекува да биде над просечните вредности, а за врнежите постои поголема веројатност дека нема да ги достигнат просечните вредности. Во јануари температурата, исто така, има поголема веројатност за надминување на просекот, а веројатноста е најголема дека врнежите ќе бидат во рамките на просечните. Во февруари исто се очекува температури повисоки од просекот, кои не се очекува да надминат повеќе од еден степен, а врнежите во источниот дел може да го надминат просекот, додека во западниот дел ќе бидат потпросечни.

Просечната температура за зимата во периодот од 1981 до 2010 година се движи од минус 1,5 степен во Маврово до пет степени во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри измерени на метеоролошката станица во Лазарополе. Просечната температура за Скопје изнесува два степени, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

Од УХМР напоменуваат дека сезонските изгледи не можат да обезбедат детални информации за тоа дали ќе има интензивни краткотрајни временски непогоди, како зимски бури, екстремно студени периоди, екстремно влажни…/МИА

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

По ведрото утро со наместа пониски температури, во петокот преки денот че преовладува сончево време со мала до умерена облачност. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 7, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 21 степен,

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер