Големо признание за Алфа Ромео од Германците

Германците не се познати како претерано големи љубители на италијански автомобили, но знаат да бидат многу објективни кога е во прашање добар производ.

Затоа италијанската компанија Алфа Ромео може да биде горда за изборот на нивниот „SUV“ , „Stelvio Quadrifoglio“  за спортски автомобил на годината од страна на престижниот магазин „Auto Bild“.

„Stelvio Quadrifoglio“   триумфираше  во исклучително јака конкуренција помеѓу 110 модели поделени во 10 категории.

Гордоста на Алфа Ромео во себе носи 2.9 литарски турбо- бензин Ферари мотор  со 510 коњски сили .

Со погон на сите четири тркала, овој автомобил забрзува од 0 до 100км/ч за 3,8 секунди со максимална брзина од 283км/ч.

Фото: Кејт Мос позира со голи гради

Кејт Мос на плажа во Мајами позираше топлес и сите ги остави без здив.

Славната манекенка учествува во кампања за еден машки бренд и поради тоа носеше сако и ништо друго под него.

Во еден момент силниот ветар го симнал сакото од нејзе. Но Кејт тоа не ја збунило, таа и понатака во свој стил опуштено шетала и позирала на плажа.

Американецот Чеснут победи и на натпреварот во јадење морски ракчиња

По убедливите победи во јадење хот догови и јајца, американецот Џо Чеснут убедливо победи и во натпреварот во јадење морски ракчиња.

Големата вилица, како што го нарекоа неодамна медиумите, изеде четири и пол килограми коктели од ракчиња за осум минути.

Натпреварот се одржа во Минеаполис, каде тој победи и лани. Чеснут веќе држи неколку рекорди во слични необични категории. Тој пред неколку години изеде 74 хот дога за осум минути, а на друго натпреварување, за осум минути изеде 140 јајца.

60 илјади луѓе спиеја на отворено за поддршка на бездомниците

Повеќе од 60 илјади луѓе ноќта ја минаа под ведро небо, во рамките на глобалната хуманитарна кампања за поддршка на бездомниците.

Акцијата, наречена големо спиење на отворено, на која се очекува да се соберат 10 милиони долари, се одржа во 50-ина градови, меѓу кои и во Њујорк, Лондон и Даблон.

Илјадници луѓе, меѓу нив и славни личности, спиеја во вреќи за спиење на улиците и парковите со цел да ја подигнат свеста за помош на бездомниците. Меѓу учесниците во Њујорк, на нула степени Целзиусови се најде и актерот Вил Смит, а во Лондон се приклучи и актерката Хелен Мирен, која на учесниците им читаше приказни пред спиење.

притисни ентер