Државава спроведе 59 проценти од реформите во енергетиката, ЕЗ ја рангира на второ место

Вкупниот просек на спроведувањето на реформите во енергетската област согласно со обврските од Договорот за  Енергетска заедница на државава е 59 проценти, ја рангира на второ место од деветте земји кои се споредуваат. 

Годишниот пораст на Република Македонија е 10 проценти.

Тоа е наведено во денеска објавениот „Годишен извештај за имплементација" изработен од Секретаријатот на Енергетската заедница, кој го прикажува напредокот при спроведувањето и имплементацијата на европското законодавство на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Извештајот, како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика  и водни услуги на РСМЕ (РКЕ), нотира дека Република Македонија е „шампион во реформите во сите енергетски сектори".

РКЕ е рангирана на прво место во напредокот при спроведување и примена на европското законодавство согласно со Договорот за основање на Енергетската заедница и е оценета со 78 проценти.

-Во изминатите 17 месеци Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија успешно го имплементираше Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет на Европската унија, преку донесување и одобрување на 33 подзаконски акти, што беше голем предизвик имајќи ги во предвид кратките рокови и сложеноста на прашањата со кои се регулира енергетскиот сектор. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија успешно ги спроведе: сертификацикацијата на операторот на електропреносниот систем; правното, функционалното и оперативно раздвојување на операторот на електродистрибутивниот систем; работењето на универзалниот снабдувач со електрична енергија; либерализацијата на пазарите на енергија; намалувањето на цените и тарифите на енергијата и услугите кои ги користат потрошувачите, соопшти РКЕ. /МИА

Во Нигерија почна првото судење на хомосексуалци , им се закануваат десет години затвор

Денеска во Нигерија започна судски процес против 47 мажи за јавно прикажување љубовни чувства кон луѓе од ист пол, прекршок што може да резултира со затвор до 10 години, пренесува „Гардијан“.

Обвинетите се дел од групата од 57 лица уапсени од полицијата во 2018 година за време на рација во хотел во сиромашниот дел од главниот град Лагос. На расправата минатиот месец, сите обвинети изјавија дека се невини. Ним им се суди според законот што стапи во сила пред пет години, со кој се забрануваат истополовите бракови и истополовите сексуални односи.

Ксенарх Мохамед, извршен директор на Иницијативата за еднакви права, рече дека законот се користел во минатото за да вознемируваат и уценуваат геј луѓето.

„Мажите и жените беа затворани за време на разни собири, но тие никогаш не завршуваа на суд“, рече Мохамед.

Сега полицијата тврди дека уапсила мажи додека влегувале во геј клуб. Но, тие тврдат дека биле на роденденска забава. Законот за забрана на истополов брак, кој ги забранува геј-односите и промовира сексуална нетрпеливост во нигериското општество, беше потпишан во јануари 2014 година од тогашниот претседател Гудлак Џонатан. Законот предизвика меѓународен револт и беше осуден од глобалните организации за човекови права и западните влади.

 Денес и утре се одржува расправата на која обвинителите ќе го претстават својот случај. Судскиот процес се очекува да трае неколку месеци.

Инаку, хомосексуалноста е нелегална во скоро сите африкански земји. Во некои од нив, геј луѓето може да завршат во доживотен затвор или да бидат осудени на смртна казна.

Трипуновски и Нелоски со кампањата „Разговори за обнова на Македонија“ во Росоман

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски и Владимир Нелоски денеска беа во Росоман , како дел од кампањата „Разговори за обнова на Македонија“.

Се наоѓаме во Росоман, во делот на срцето на Тиквешијата, согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ  на сите населени места за кои што разговараме за сите проблеми и сите ситуации кои што ги тиштат граѓаните на Република Македонија. Во овој дел најмногу се дискусиите беа во земјоделскиот сегмент , рече Трипуновски.

Сакам само накратко да потсетам дека граѓаните од оваа општина не забораваат за сите лажни ветувања  кои што ги даде Зоран Заев во предизборието 2016 година, каде што со тогашниот министер Љупчо Николовски ветуваше сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, повисоки цени на истите и многу други безброј проекти кои што ќе значат посигурен живот на земјоделецот во Република Македонија.

Денеска после три години гледаме дека сите тие ветувања остана само на хартија и речиси ништо од тоа нема реализирано.

Она што ние сакаме да им го ветиме и во разговорите со граѓаните  од оваа општина и во цела Република Македонија е дека ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна програма која што ќе биде понудена во изборниот период и нормално кога ќе формираме влада на 12 април после победата  на ВМРО-ДПМНЕ сите вие проекти кои што ќе бидат реални и остварливи ќе значат еден достоинствен земјоделец кои што навистина ќе биде ценето целата држава односно од целата влада. Затоа што земјоделците се еден од столбовите на економијата во Македонија и навистина тие заслужуваат да бидат на пиедесталот, а не како сега на дното на листата на Зоран Заев кој што гледаме дека е најдобар само во крадење на државните пари, во уништување и распродавање на државните интереси.

За нас, ВМРО-ДПМНЕ земјоделецот бил и ќе остане на врвот на приоритетите, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Росоман.

,,Денеска караванот за Обнова на Македонија продолжува, тука сме во Росоман, заедно со членот на Извршниот комитет Цветан Трипуновски, потсекретарот за овој општински комитет Слободан Ивановски и дополнително сите членови на општинскиот комитет од Росоман, но и жителите на Росоман , рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука сме да си слушнеме проблемите на сите граѓани, но и да видиме одредени решенија за нивните проблеми, она што ги тишти најмногу граѓаните  од овој регион се разбира дека е земјоделието, но и сите останати проблеми коишто инаку можеби во 2016 година им биле ветени на граѓаните сега се уште се неисполнети. Дојдовме да ги увериме дека сето она што ќе биде ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе биде реализирано, нема да биде само зборови на хартија туку се што ќе се обврземе како ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја направиме владата тоа ќе биде и реализирано.

Она што морам да го истакнам  е дека овие денови секој граѓанин тука во Росоман, но и во цела Македонија е дополнително задолжен за 150 евра бидејќи владата на Зоран Заев иако има реализација на капиталните инвестиции само 40 проценти, има ново задолжување од 300 милиони евра. Слабата реализација на капиталните инвестиции значи дека тие пари ќе се искористат непродуктивно, односно наместо да се изградат патишта, булевари, канализација за граѓаните, ќе бидат употребени најверојатно да се збогати свитата околу Зоран Заев.

Како ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме меѓу граѓаните да ги слушнеме нивните потреби, но се разбира и да бидеме во дослух со нив бидејќи само така ќе можеме после 12-ти април да го направиме животот за сите граѓани на Македонија подобар и да го вратиме достоинството не само на земјоделците, туку и на пензионерите, и на младите луѓе да се врати желбата за живеење тука во Македонија и да има се помалку разговори за да се напушти државата, туку да се остане тука да се формира семејство. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме помеѓу граѓаните и токму и затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ продолжува да расте во однос на СДСМ и ќе продолжи да расте до 12-ти април каде што ќе имаме една огромна победа и конечно ќе се стави крај на заевизмот во Република Македонија и на транзициските политичари, рече Нелоски во Росоман.

Мајо: Италија ги поддржува Албанија и Македонија на европскиот пат

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо од Тирана порача дека Италија го поддржува процесот на европска интеграција на Албанија и на Македонија.

Тој додаде дека Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји.

– Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и закажување датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори. Во овој дух му истакнав на Рама дека нашата желба е сите политички актери во земјата да се ангажираат за воспоставување на политичка клима, која не би го попречила европскиот пат на Албанија, истакна ди Мајо.

Рама, се заблагодари за посетата во овие тешки мигови за земјата и посебно за поддршката и помошта на Италија уште во првите мигови по земјотресот.

– Италија била и ќе остане прв наш партнер во економските односи. Таа никогаш не се штедеше во напорите за трансформација на Албанија. Со министерот разговаравме и за други прашања меѓу кои и за специјалната единица за борба против корупцијата. Министерот ја потврди подготвеноста на неговата земја за поддршка со техничка асистенција и човечки ресурси на терен, за конретна соработка, рече Рама.

Италјанскиот минстер прдружуван од еврокомесарот Луиѓи Сореца го посетија и кампот со шатори во Вора, каде се сместени 200 лица ,кои останаа без своите домови. /MИА

притисни ентер