Скулптура на уметникот Давид Атанасоски изложена во Прилеп

Под наслов „Геолошки пресек" прилепскиот уметник Давид Атанасовски синоќа на публиката во Центарот за култура „Марко Цепенков" и ја претстави својата скулптура изработена за манифестацијата Нов културен бран.

Скулптурата, составена од два дела со симболика го објаснува насловот „Геолошки пресек".

Според младиот уметник Атанасоски, со употребата на дрвени штици и хартија како материјали за скулптурата, се праќа порака.

– Моја главна цел е преку една ликовна интерпретација на геолошките деградации на земјината кора да го моделирам моето уметничко дело користеќи секундарни материјали, во овој случај дрвени штици и хартија. Употребата на овие репродуктивни материјали индиректно се поврзува со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции во глобалниот биолошки екосистем, вели Атанасоски.

За историчарот на уметноста Викторија Димеска, впечатливото уметничко дело на Атанасоски упатува на настанувањето на земјата и еволутивниот процес.

Создавајќи хармонија помеѓу органската и геометриската форма, скулпторот креира пластични целина или елемент, притоа, истакнувајќи ја природната вредност на материјалот – дрвото. Метафорично, стратиграфскиот приказ на структурата ја симболизира еволуцијата на земјата, од нејзиното настанување до денес, културошката слоевитост и наративниот приказ на историјата на човештвото. Додека, пак, хартијата или пишаниот збор ја симболизира сопствената улога на медиум и информатор, поради податливоста на информации, како и сведоштво за идентификација и верификација на настаните, коишто се одиграле во одредени временски рамки, рече Бимеска.

Уметникот Давид Атанасоски досега има бројни самостојни и групни изложби./МИА

Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија

Денеска учесниците на Изборот за песна на Евровизија 2024 имаат генерална проба за настапот на втората полуфинална вечер утре, 9 мај.

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина.

Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека.

Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

Што прават скопјани на денот на избори?

Избори видени од сосема поинаков агол.. Што прават скопјани за време на денешниот неработен ден..

Иако за многумина денеска е неработен ден, занаетчијата Руфат Илијаз кој веќе 20 години чисти чевли на Скопскиот плоштад, денот ќе го мине работно. Вели занаетот е во изумирање, па стравува дека скулптурата на чистачот на чевли непосредно до неговиот штанд, ќе остане да ги потсетува луѓето на она што тој со години го прави. Илијаз вели дека и покрај денешните работни обврски, ќе го оствари своето право на глас.

„Моментално ја нема таа гужва, нема толку луѓе дека е неработен ден, луѓето коишто имаат обврски некои одат прво на гласање, па си ги завршуваат обврските, меѓутоа раздвиженост нема којзнае колку странци, туристи нешто има. Кога ќе одам дома ќе гласам со жената.“

Занаетот на Илијаз, како што самиот вели, најмногу ги привлекува странските туристи. Токму тие и беа најприсутни денеска на Скопски плоштад. Дел од нив пред камерата на Канал 5 кажаа дека прв пат ја посетуваат државата и се пријатно изненадени.

„Навистина ми се допаѓа, не е како што замислував. Ќе бидеме само во Скопје, но добро е, ми се допаѓа, се чувстутваме безбедно овде и е многу убаво.

„Прв пат сум во Македонија и ми се допаѓа. Ќе го шетаме градот, Кањонот и можеби ќе одиме во Охрид. Убаво, е топло, многу потопло од Шведска.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот од неработниот ден ќе го минат на кафе и на прошетка со пријателите.

За непречено одвивање на изборниот процес, Владата донесе одлука двата изборни денови да бидат неработни. Учениците овие денови ќе ги обработуваат во текот на работната недела преку подолг престој во училиштата.

Репортажа од Војница, село кое пред секои избори добива по 1 километар асфалт на земјениот пат

Канал 5 и денеска го продолжува циклусот на приказни за избирачки места со симболичен број гласачи.. 

На 15-тина километри од Велес во општина Чашка е родното село на поетот Коле Неделковски селото Војница, револуцинерното јадро на македонските одреди кои се бореле за слобода. Симбол на борбеност решителност и слобода. Денеска селото Војница на избирачкиот список е местото со две избирачки места каде право на глас имаат 18 гласачи. Во избирачкото место 2237 и 2238 гласаат жителите на Војница и Крајници.

Гласичките места се во спомен куќата на поетот Коле Неделковски. Во малата соба стојат спомените за неговиот живот и борба. А на зидот стои и фотографијата каде Неделковски го дал својот живот за слобода. Дел од куќата е во лоша состојба ја одржуваат добронамерници од селото. До пладне имаше гласано еден гласач. Васка Мирчевска живее во селото. Да помине жештината и ќе гласа вели правото треба да се исполни но и политичарите треба да мислат на сите граѓани. А природата и историјата може да бидат место каде ќе живеат и луѓе ќе имаат и работа. Во селото има безброј куќи, но луѓе малку.

Голем дел ги користат како викенд куќи. А најголем дел од куќите сведочат за времето кога имало живот, а денеска останале само спомени.

Селото се наоѓа од левата страна на патот Велес Чашка и од овој пат до селото има седум километри. Од делот од асфалат скоро еден километар има земја. Токму за овој дел од патот веруваат дека до следните избори ќе биде асфалитран и ветувањата со години ќе бидат целосно исполнети.

притисни ентер