Актерот Диме Илиев ја доби наградата за животно дело „Петре Прличко" за 2019

Актерот Диме Илиев од Драмскиот театар-Скопје кој од неодамна е во пензија, годинава е добитник на актерската награда за животно дело  „Петре Прличко" што ја доделува Општина Велес.

Диме Илиев одиграл над 150 театарски улоги од кои поголем дел главни, осум улоги на филм, 18 телевизиски и 200 радиодрамски улоги. Наградата „Петре Прличко"  е востановена во 2006 година, а на Илиев  ќе му биде врачена вечерва во 20 часот во Велешкиот театар. Во негова чест театарот ќе ја изведе најновата претстава „Слуга на двајца господари" во режија на Ненад Витанов.

Претседателот на жирито за доделување на наградата „Петре Прличко" за 2019, Сашо Димоски, денеска на прес-конференција соопшти дека  во конкуренција биле четворица актери и дека жирито едногласно ја донело одлуката добитник да биде 67-годишниот Диме Илиев.

Илиев е добитник и на голем број награди, почнувајќи од 1977 кога ја добил Наградата за најдобар млад актер за улогата на Младичот во „Црнила", до наградата Актер на годината во 2015 што му ја додели „Дневник".

Наградата што ќе му биде доделена вечер се состои од  плакета со ликот на Петре Прличко и паричен износ од 500 евра. Општина Велес првично ја доделуваше заедно со Здружението на драмски уметници „Џинот", а во последните неколку години самостојно./МИА

СДСМ: Го враќаме достоинството на здравствените работници, рекордно покачување до 40 отсто на платите на лекарите

Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат,  СДСМ, како одговрна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници.

По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%"

 Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Во текот на следната година предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и  администрацијата која работи во здравството.

СДСМ со оваа мерка го враќа достоинството на здравствените работници и ќе продолжи и понатаму да работи, не само во однос на зголемувањето на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти.

Скопје, 12 ноември 2019

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти.

 Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. 

Во Србија уапсен македонски државјанин заради кражба на документација за производство на муниција

Македонски државјанин, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, се уапсени под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што објави српската државна телевизија–РТС, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

 Според српското обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција, Воено-безбедносната агенција и МВР на Србија.

 На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

 Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција..

притисни ентер