Актерот Диме Илиев ја доби наградата за животно дело „Петре Прличко" за 2019

Актерот Диме Илиев од Драмскиот театар-Скопје кој од неодамна е во пензија, годинава е добитник на актерската награда за животно дело  „Петре Прличко" што ја доделува Општина Велес.

Диме Илиев одиграл над 150 театарски улоги од кои поголем дел главни, осум улоги на филм, 18 телевизиски и 200 радиодрамски улоги. Наградата „Петре Прличко" е востановена во 2006 година, а на Илиев ќе му биде врачена вечерва во 20 часот во Велешкиот театар. Во негова чест театарот ќе ја изведе најновата претстава „Слуга на двајца господари" во режија на Ненад Витанов.

Претседателот на жирито за доделување на наградата „Петре Прличко" за 2019, Сашо Димоски, денеска на прес-конференција соопшти дека во конкуренција биле четворица актери и дека жирито едногласно ја донело одлуката добитник да биде 67-годишниот Диме Илиев.

Илиев е добитник и на голем број награди, почнувајќи од 1977 кога ја добил Наградата за најдобар млад актер за улогата на Младичот во „Црнила", до наградата Актер на годината во 2015 што му ја додели „Дневник".

Наградата што ќе му биде доделена вечер се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен износ од 500 евра. Општина Велес првично ја доделуваше заедно со Здружението на драмски уметници „Џинот", а во последните неколку години самостојно./МИА

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји.

-На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата

 Русија ги информираше САД за приведување на американски војник во Владивосток поради кршење на законот, изјави портпаролката на Пентагон, Синтија Смит.

„Руските власти во Владивосток на 2 мај го уапсија американскиот војник под обвинение за криминално дело. Во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, Русија го информираше Стејт департментот за приведувањето на американскиот војник“, изјави Смит.

Таа рече дека американската војска го информирала семејството на војникот за инцидентот и додаде дека Стејт департментот обезбедува конзуларна поддршка на приведените припадници на американските вооружени сили.

Претходно, во понеделникот, неименуван американски официјален претставник потврди дека американски војник кој отпатувал приватно во Русија неодамна бил приведен во таа земја. Апсењето на американскиот војник прв го објави Ен-Би-Си Њуз, наведувајќи дека руските власти го обвиниле војникот дека наводно крадел од жена. Неименуван американски функционер изјави дека американскиот војник бил стациониран во Јужна Кореја, од каде отишол на приватно патување во Русија.

притисни ентер