Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

Владина средба на високо ниво „За децата, од децата"

По повод Светскиот ден на децата денеска во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи Владина средба на високо ниво „За децата, од децата".

На настанот ќе се обрати претседателот на Владата Зоран Заев, а ќе бидат присутни и повеќе владини претставници.

Настанот е во организација на Владата на РСМ, УНИЦЕФ, ЕУ и Младински образовен форум. /МИА

Почнува откупот на тутунот

Тутунскиот комбинат од Прилеп и „Сокотаб" – Битола денеска треба да ги отворат пунктовите за преземање на годинашната реколта тутун со што и официјално ќе почне откупната кампања.

Според тутунските здруженија, родот годинава е околу 24.000 тони. Се очекуваат повисоки откупни цени зашто тутунот е со висок квалитет каков што немало со години.

Муса Ибраимоски, претседателот на тутунското здружение „Златен лист" од Долнени каде годинава се очекува род од околу 7.000 тони, вели дека преку 60 проценти треба да биде прва класа.

– Лани, просечната откупна цена беше 217 денари за килограм, а годинава, поради високиот квалитет, очекуваме најмалку 250 денари. Околу 60 отсто од тутунот е прва класа. Секако, откупувачите ќе сакаат да приберат кај себе повеќе од родот поради квалитетот. Многу добро ќе им дојде на тутунарите зашто ќе земат повеќе субвенции за прва класа кои се 80 денари за килограм откупен тутун, истакнува Ибраимоски.

Од очекуваните околу 24.000 тони, над 17.000 тони се во пелагонискиот регион.

Прилепскиот тутунски комбинат откупниот пункт ќе го отвори во 11 часот./МИА

„ЛУДИЛО“: Вилма ќе ги „гони“ судиите, а тие ќе ја пријават во МВР за закана...но чекајте, тоа не е се!

После пуштањето на Катица Јанева во домашен притвор, која се појави од полициското комбе облечена/затскриена како „мастер Јода “, започна ли размрсувањето на „клопчето“?

За многумина беше шок пуштањето на Катица Јанева во домашен притвор без притоа судот да не побара финансиска гаранција. И од тој момент, почнаа да работат „гранапите“ но и „фабриките“ за шпекулации и оговарања.
Додатно, започна и ново  „реално шоу“, во кое во куќата на „праведниот брат“ влегоа Вилма Рускоска и судиите од Апелација кои одлучуваа за притворот на Катица, за да тие самите си докажат - кој е „на прав пат“, а кој има намера да го „обнови“ правосудниот систем.
Последните вести се овие:
Вилма Рускоска, фуриозна и вино разочарана се „закани“ дека ќе започне финансиска истрага против судиите, кои според нејзе, не требале да дозволе домашен притвор за сињора Катица.
Судиите го возвратија ударот, и неофицијално се дознава дека денес ќе поднесат пријава против Вилма Рускоска, за наводни закани по пат на СМС пораки.

Неколку дена пред ова, дознавме дека Фросина Ременски и таа ќе поднела преставка до МВР, ама овојпат нема да ги „тужи“ судиите или Рускоска, туку самите МВР.
Причината за оваа преставка е што МВР направиле претрес во нејзиниот дом, и наводно пронашле доверливи „строга тајна“ документи, а таа не била во тој момент присутна во домот. А што бараат строго доверливи документи во домот на Ременски...тоа веројатно е дозволено за сите оние кои имаат сертификат за државна тајна. Само се прашуваме дали и почитуваниот колега Сашо Орданоски, кој потврди дека поседува највисок сертификат за државна тајна,  има ваков „табиет„ како Ременски?

А малку пред оваа изјава на Ременски, според нашите информации, во обвинителството како сведоци беа повикани преку 80 лица кои биле на директен или индиректен начин поврзани со аферата Рекет.
Јавен интерес е да дознаеме дали исказите на тие наши сограѓани имплицираат сериозна инволвираност и на други лица во овој скандал, и веруваме дека ако е тоа точно, обвинителството ќе има дополнителна работа.

Во меѓувреме , Канал 5 ТВ чека речиси 4 месеци за конечна реакција од ОЈО по повод нашата кривична пријава за лицето Саше Ивановски, а „Ведетите“...си знаат тие, си знаат, што сакаме да кажеме.
 

притисни ентер