Дневен хороскоп за 15. октомври 2019 година

Дневен хороскоп за вторник, 15. октомври 2019 година.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате силна фантазија , така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи.

Кариера

Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно.

Здравје и совет

Она што го немате, ќе го измислите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Откако се ви стана јасно , повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.

Кариера

Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас.

Здравје и совет

Неизбалансираност на крвната слика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност.

Кариера

Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите.

Здравје и совет

Ќе бидете поспани.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.

Кариера

На дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа . Се друго што се однесува на работата , се одвива во ред.

Здравје и совет

Контролирајте го количеството храна што го внесувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа.

Кариера

Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност.Посветете и се.

Кариера

Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор.

Здравје и совет

Остварете се што ќе замислите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања.Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата.

Кариера

Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари , а се појавува и добра можност за тоа да го остварите.

Здравје и совет

Можна е преодна несоница.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска лесно ќе воспоставувате контакти , а и денот е добар за тоа. Ако сте сами , излезете на кафе.

Кариера

Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите.

Здравје и совет

Излезете меѓу луѓе.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои ќе го фаќаат последниот воз  за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга.

Кариера

По мало надмудрување со спонзорите , ќе успеете да постигнете каков- таков договор.

Здравје и совет

Некои работи веќе ја губат смислата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Добро ќе ја разберете саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е.

Кариера

Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја подобрите работата.

Здравје и совет

Посилни сте од повеќето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа , што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност.

Кариера

Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.

Здравје и совет

Мала главоболка или тага.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции , а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение.

Здравје и совет

Наскоро се ќе биде појасно.

Инстаграм воведува опција која корисниците долго ја чекаа

Социјалната мрежа Инстаграм полека почна да ја воведува можноста за праќање директни пораки и преку веб страницата.

„The Verge“ пушува дека се работи за тест, а дека опцијата за праќање директни пораки на Инстаграм преку веб страницата ќе им биде овозможена на сите корисници нешто подоцна.

Моментално оваа опција им е достапна на мал процент на корисници.

Праќањето на директни пораки преку веб станицата на Инстаграм ќе функционира на ист начин како и преку апликацијата. Корисниците до директните пораки ќе можат да пристапат од профилот на страницата или преку посебна страница за директни пораки, баш како што е тоа случај со апликацијата. Десктоп нотификациите за директни пораки исто така ќе бидат достапни доколку корисникот ги овозможи во својот интернет пребарувач.

Фото: Сите зборуваат за облините на Бијонсе

Бијонсе покрена соработка на својот модел бренд  „Иви Парк“ со познат германски спортски бренд, а за колекцијата веќе со денови се зборува. Како и за облините на пеачката.

Според многумина таа е најдобар модел за кампањата.

Бејонсе на фотографиите од кампањата за новата соработка во фокус ги става своите славни облини.
 

„Да имам такво дело по цели денови ќе шетав гола“, напишала една обожавателка во коментарите на фотографиите на социјалните мрежи.

Се очекува дека оваа модна колекција ќе се распродаде во рекорден рок.

Најнискиот човек на светот почина на само 27 години

Кхагендра Тхапа Магар, на многумина познат како најнискиот човек на светот, почина на само 27 годишна возраст.

67 центиметри високиот Кхагендра се борел со пневмонија и починал во болница во Непал.

Кхагендра е внесен во Гинисовата книга на рекорди како најнизок човек на светот способен да се движи во 2010.

Тој прв пат се појавил во Гинисовата книга на рекорди како најнискиот машки тинејџер, пред да се здобие со титулата за најнизок човек на светот кога наполнил 18 години.

Таткото на Кхагендра рекол дека кога тој се родил бил толку малечок што го собирало во дланка и било многу тешко да го бањаат затоа што е толку мал.

Креиг Глендеј од Гинисовата книга на рекорди изјавил: „Многи сме тажни откако ги чувме вестите од Непал дека Кхагендра повеќе не е меѓу нас“.

По влегувањето во Гинисовата книга на рекорди, Кхагендра станал туристички амбасадор за Непал, бидејќи се појавувал низ медиумите во целиот свет.

Неговиот брат рекол дека Кхагендра починал во Петок околу 15:00 часот по локално време.

Сега рекордот за најнизок жив човек ќе го преземе Колумбиецот Едвард Хернандез со 70 центиметри.

притисни ентер