БЕСА: Неприфатливо е две страни вклучени во судски постапки да преговараат за иднина на државата

За жал, нашата загриженост што ја презентиравме пред јавноста во врска со лидерската средба и проблемите во правниот систем со кои се соочува државата се покажаа точни, реагираат од Движењњето БЕСА..

Сведоци сме на неуспешната средба меѓу претседателите на двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Како што веќе рековме, апсолутно е неприфатливо две страни вклучени директно или индиректно во судски постапки или се во истрага од специјалното или јавното обвинителство да преговараат за иднината на ваквите важни институции во државатаа.

Сите наши сознанија се потврдија дека ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, како политички претставници на ДУИ, не можат да одлучат да имаат независен и професионален судски систем, бидејќи обете страни заедно со нивниот заеднички именител ДУИ се актери кои сакаат да избегаат од правдата. Не е прифатливо за правдата и за владеењето на правото да преговараат токму оние кои ја избегнуват правдата или се обидуваат да најдат пропусти за да избегаат од гонење за сторените злосторства.

Средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не може да биде состанок што ќе го функционализира владеењето на правото и ќе донесе правда во оваа држава, бидејќи за нив примарно е како да ги заштитат своите партиски интереси или корумпираните кадри од обете страни. вклучително и нивниот партнер ДУИ.

Затоа, сега е неопходно да се прифати предлогот на Движењето Беса за Државна комисија составена од експерти каде што ќе учестуваат и САД и ЕУ со одлучувачко право. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на јавното обвинителство, судовите и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување правда и владеење на правото. Во исто време, оваа Државна комисија мора да го спроведе и процесот на „ВЕТИНГ", процес без кој Северна Македонија никогаш не може да излезе од транзицијата што нè зафати од независноста на земјата до денес.

На крај, апелираме до сите политички партии, без разлика дали тие беа на власт во минатото или оние кои се на власт денес, да не ја држаат под залог европската иднина на граѓаните на Северна Македонија, туку да се одречат од нивните тесни партиски интереси и за прв пат да размислуваат за граѓаните на оваа земја, кои се разочарани од криминалот, корупцијата, недостатокот на правда и еднаквост, и затоа секој ден ја напуштаат државата, се наведува во соопштението на БЕСА. 

Криминал од „соништата": Како човек без ден стаж и без ниедна трансакција на сопствена сметка, рекетираше половина држава?

Боки Тредичи и Сињора Катица последователно во Понеделник и Вторник ќе одат на „муабет" кај Вилма Рускоска.

Јавноста во Македонија како да не може да поверува во капацитетите на Бојан и Катица и нивната умешност да изнудат пари на ваков начин, и како да бара нови „жртви"

Кој е „Големото Око" на оваа акција? Можно ли е познати бизнис „ѕверки" да паднат на фоловите на Боки 13, а притоа да немаат дополнителен притисок?

Извори блиски до пријателите на Боки тврдат дека тој до ден денешен нема ниту ден работен стаж, дека никогаш немал ниту денар на својата трансакциска сметка, која патем повеќе години му е блокирана?

Како е можно политичката елита но и бизнис заедницата, заедно со т.н. новинарски ведети да не го знаат овој момент ? Или дали сево ова им било познато но имале дополнителен „мотив" ?

До нашата редакција доаѓаат огромен број на информации поврзани со овок мега скандал , особено оние кои се поврзани со исказите на лицата кои давале исказ во обвинителството.

Во интерес на истрагат, но и со цел да не повредиме некој од законските прописи во Македонија, а особено поради фактот што немаме конкретни докази за истите, нема да објавиме ниту една од тие непроверени и непотврдени информации.

Но доколку има барем малку вистина во нив, сигурни сме дека исказите на една повозрасна госпоѓа, еден бизнисмен од југот на земјава како и исказот на една друга госпоѓа ќе бидат сериозно интересни за обвинителката Вилма Русковска

Особено интересен е моментот на распит на една продавачка од салон за мебел. Логиката вели дека е повикана затоа што Боки Тредичи најверојатно купувал мебел во истата плаќајки во кеш. Но дколку плаќал во кеш сума поголема од 500 евра, дали тоа го правел и за другиот движен и недвижен имот?

На крај , дали јавноста ќе дознае зошто дел од бизнис заедницата правела договори со Меѓународниот Сојуз на Боки 13 , и дали парите ги префрлале на приватни сметки?

Мега скандалот познат како „Рекет“ изгледа дека навистина за некого ќе биде „пандорина кутија", како што впрочем и најави  Бојан Јовановски во своето последно, засега, интервју , на телевизијата на својот татко и Јасна Мандиќ.

Иран најави уништување на секој агресор и на секоја ограничена агресија

Иран ќе го протера  секој агресор, дури и ако изврши ограничен напад, ќе го најде и ќе го уништи, изјави шефот на иранската револуционерна гарда Хусеин Салами.

Бидете внимателни, ограничената агресија нема да остане ограничена . Ќе следи казна а ќе продолжиме до конечно уништување на било кој агресор, порача шефот на иранската револуционерна гарда.

Македонски и бугарски новинари во Охрид водат дијалог против предрасудите

 Во Охрид денеска започна првата средба во рамките на новинарската иницијатива „Викенд на дијалог – новинари против предрасудите"  .

Чија цел е зајакнување на професионалното новинарство наспроти лажните вести преку подобрување на меѓусебната комуникација  и соработка на новинарите.

На официјалниот почеток од средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов кој рече дека професионалноста на новинарот се гледа кога тој знае до каде му е мерката, ја почитува етиката и ја пренесува вистината. Новинарската иницијатива „Викенд на дијалог", според амбасадорот Ангелов, ќе помогне во негувањето на добрососедските односи помеѓу двете земји.

-Овој проект што го финансира Министерството за надворешни работи на Република Македонија е мошне важен за отворањето на двете држави и негување на Договорот за пријателство и добрососедство, како и за решавање на проблемите и стереотипите кои се наталожени со децении. Сметам дека на оваа средба учествуваат претставници на традиционалните и релевантни медиуми кои се водат според професионалните критериуми, рече амбасадорот Ангелов.

Тој појасни дека професионалниот ангажман на новинарите ќе биде многу важен и за два настана што треба да се случат во иднина.

–Прво, членството во Република Македонија во НАТО ќе значи нова доверба  помеѓу двете земји бидејќи војниците на двете земји ќе бидат на бојното поле еден до друг и треба да  внимаваат едни со други и да имаат  меѓусебна доверба. Второ, од 1 јануари 2020, Република Македонија и Република Бугарија се претседавачи со Берлинскиот процес, така што администрациите во двете земји треба да соработуваат меѓусебно. Вие како професионални новинари ќе помогнете со тоа што ќе придонесете нашите две држави да се претстават што е можно најдобро, порача амбасадорот Ангелов на средбата на новинари во Охрид.

Како што истакна министерот за отчетност и транспарентност во Владата на Република  Македонија, Роберт Поповски, во текот на последните години, Република  Македонија и Република Бугарија докажуваат дека  се на вистинскиот пат и темелно ги враќаат релациите односите, градејќи го пријателството помеѓу двата народа врз сериозни столбови.

-Новинарството е професија којашто коригира, којашто оплеменува, и токму од тие причини мислам дека новинарството е токму таа професија којашто ги зближува и народите, и нациите, и граѓаните од кои било делови на светот. Токму така ја доживувам и оваа викенд средба во Охрид. Верувам дека ваков респектабилен собир на колеги од двете држави, и отворен дијалог на темите коишто можат да значат и предрасуди, и надминувања, и лажни вести, и говор на омраза, ќе придонесе многу кон градење на мостовите помеѓу двете држави, рече Поповски.

На првата средба од новинарската иницијатива „Викенд на дијалог-новинари против предрасудите", како што истакна Виктор Стефановски, медиум-организатор на настанот,  учествуваат новинари и претставници на релевантни медиуми од Република Бугарија и Република  Македонија кои разговараат меѓусебно без какви било посредници, за состојбата во медиумите и креирањето на информациите, но и за тоа како да ги лоцираат точките што предизвикуваат емоции во известувањето.

– Целта е овие неколку денови заеднички да изградиме здрава основа за уривање на стереотипите и предрасудите кои веројатно постојат кај секој од нас, а за жал биле градени и подигнувани со години наназад. Што е поважно во креирањето информации? Можат ли новинарите конечно да го победат говорот на омраза? Ова се само дел од прашањата на кои ќе се обидеме заеднички да најдеме одговор и да застанеме на истата страна во официјалните, но и неформалните дебати што ги имавме и ќе ги имаме на различни локации, истакна Стефановски.

„Викенд на дијалог – новинари против предрасудите” е новинарска иницијатива за зголемена меѓусебна комуникација и размена на информации на новинари од соседни земји со цел јакнење на професионалното новинарство контра лажните вести.

Носител на оваа иницијатива е Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „Медиум" – Скопје, а проектот е поддржан од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

притисни ентер