Заев не размислува за оставка и предвремени избори

Премиерот Зоран Заев во коментар на барањето на опозицијата за оставка и предвремени парламентарни избори по објавата на случајот „Рекет" изјави деканема намера да размислува  за такво нешто.

– Апсолутно Владата, која го има на чело човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, го ставам на страна, немам намера да размислувам за ниту за оставки, ниту за предвремени избори, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања за случајот „Рекет", вечерва на приемот во Клубот на пратеници по повод 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Изборите, дополни, се редовни. Реков дека тие не мора да бидат во декември затоа што тогаш беа преусилени и мораше да се случат во декември. Може да бидат во октомври, ако тоа за некој значи успех за предвремени избори. Но, по големите политички одлуки, по сите реформи кои заедно ги донесовме, по нашето очекување за полноправно членство во НАТО, да почнеме преговори со ЕУ, време во кое економските параметри се одлични и продолжуваат да бидат одлични, треба да и дадеме шанса на државата, да истурка максимум од овој неповторлив, драгоцен период, заради тоа што економски бенефит треба да видат граѓаните, рече премиерот Заев.

Тој повтори дека мора да се даде шанса да расте економскиот стандард и тоа да не се уништи, како што рече, преку нечија желба да се оди на предвремени избори.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, прашан какви се односите во владината коалиција рече дека партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми.

– Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство се до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би не загрозувале нас, коалициските партнери, рече Ахмети. /МИА

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер