ДО „ВЕДЕТИТЕ“ НА 1ТВ: НЕЛИ ВИ БЕШЕ НЕШТО ТРУЛО ВО „ДРЖАВАТА ДАНСКА“?

Македонскиот медиумски регулатор ги потврдува огромните сомневања на медиумската заедница дека можеби незаконски се работело во 1ТВ

1ТВ лани, во 2018 год, од реклами, кои патем видовме на каков начин биле „обезбедени“, приходувала околу 550 илјади евра што е премалку да се покријат основните тековни трошоци а да не зборуваме за набавка на програма, хонорари плати и сл.

Дополнително, дури сега јавноста ќе треба да го добие одговорот на прашањето - Зошто Сашо Орданоски има(ше) безбедносен сертификат на ниво на ДРЖАВНА ТАЈНА? Дали можеби истиот бил „злоупотребуван“ и за рекетите , и дали има евентуална вмешаност и на новинарски „ведети“ во овие криминални дејанија?

Останува крајно чудно, како познатите новинарски „ведети“ од калибарот на Јадранка Костова,Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Сашо Орданоски и Ацо Кабранов не ги забележувале следниве очигледни „аномалии“:

Зарем драги колеги од 1ТВ , нели ви беа чудни енормните ваши хонорари, настрана озборувањата дека ви доаѓале на друг , „интересен“ начин?

Нели ви беше чудно дека одредени компании се рекламираат само на 1ТВ иако телевизијата имаше најмал рејтинг од сите други ТВ станици ( мизерни 1 % SHR )?

Скоро сите вие „ѕвезди“ работевте во големите медиуми, и сигурно знаете како се делат парите од клиентите, сигурно не поради убавината на вашиот , сега осомничен, псеудо-сопственик

Колку долго требаше да ги покривате очите за да не ги видите луксузите на вашиот „сопственик“ Бојан Јовановски? Како е возможно барем еднаш да не се посомневавте како ги обезбедува сите тие силни луксузи платени со огромни пари а при тоа да знаете дека Боки 13 има блокирана трансакциска сметка?

Се срамите ли сега од интервјуата што ги правевте со него, во кои го величевте „неговиот лик и дело“ а при тоа, помалку, онака бенигно, му дозволувавте да ги навредува колегите од реално поголемите ТВ компании? Нели ви беше незгодно за големиот Христијански празник, Божик , да правите интервју со вашиот самонаречен Сопственик, иако во тој момент знаевте за сите овие гореспоменати аномалии?

Дополнително, синот на Катица Јанева одеднаш станува прв човек во вашиот правен сектор,па се прашуваме - замислите тоа момче да се вработеше во некоја од водечките ТВ компании, каква ќе беше вашата реакција?

А сега дознаваме дека Јадранка не била никаков уредник воопшто,доаѓала само петочки, онака „спортски“, Ацо Кабранов пак, единствениот гл. и одг. уредник на месечен хонорар ( ??? ) тврди дека Боки 13 не се мешал во уредувачката политика, Борјан пак сите камења почна да ги фрла кон Катица Јанева, а само Сашо Орданоски, со безбедносниот сертификат во рацете , се уште мудро си молчи, и сигурно си чека. Што си чека, само тој си знае

И денес, имаме „2 во 1“ ситуација. Чомовски, во радио-емисијата Стадион на Столе Наумов, вели : „ Ние сме се слушале со него ( Боки 13 н.з. ) еднаш до два пати денвно во просек, да се договориме за емисиите и слично“.
Значи, сепак сите биле заедно креатори на уредувачката политика, заедно со Боки 13 на чело. Сепак, не биле толку НЕЗАПОЗНАЕНИ со случувањата во и околу телевизијата

Шлагот на нивната „ведетска“ торта вчера го стави Борјан Јовановски „ведетата“ на 1ТВ, кој не можеше да го издржи „реванш-постот“ на нашиот гл. уредник на Информативната Редакција, Гоце Михајлоски , па преку коментари на FB си дозволи повторно да го клевети и навредува.

Дали самиот Борјан ја увиде инфантилноста на своите коментари, или пак некој посериозен му дал пријателски совет, по кратко време, истите самиот и си ги избриша.

QUO VADIS VEDETTES?

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

Буневски: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја

Денеска беше промовиран дел од Програмата за земјоделство и производство на храна од Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

За мерките пред новинарите зборуваше професорот Ѓоко Буневски, кој рече дека Македонија е традиционално аграрна земја, со учество на земјоделството во бруто-домашниот производ од околу 10 проценти, односно, заедно со преработувачката индустрија 12-15 проценти и е на третото место, после индустрискиот сектор и услугите.

„Во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаме преку 40 предлог мерки за подобрување на секторот производство на храна, но тука ќе ги истакнеме само поважните:

- Воведување забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва. до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

- Приоритетно доделување земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странски инвеститори. Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделувањето земјоделско земјиште. - Форсирање на синџирот "од нива до трпеза".

- Субвенционирање по предадени земјоделските култури по загарантирана откупна цена“, рече Буневски.

Тој додаде дека сме сведоци на состојбата каде земјоделските производи се откупуваат од земјоделците и под нивната производна цена, што го прави производството на храна непрофитабилно и неконкурентно. „Токму затоа, рече тој, - сметаме дека е многу важно за развојот на оваа гранка да се обезбеди откуп по загарантирани цени“.

Буневски потенцира дека покрај овие мерки, Движењето ЗНАМ ќе се заложи да се зголемат субвенциите во земјоделството барем на ниво на соседните земји, а буџетот од сегашните 160-180 милиони евра да се реорганизира и да се воведат нови мерки за субвенционирање. Исто така, тој рече дека ќе предложат мерки за да се намали, па дури и запре напуштањето на селото и земјоделството, особено со поголеми стимулирања на млади фармери, на жените фармери, како и поголеми погодности за отворање бизнис во овие средини. Како што рече Буневски, ќе се обрне големо внимание на мерките за подобрувањње на квалитетот на храната, а ќе се подобри и степенот на советодавни услуги за земјодлеците, а особено засовремените технологии и иновации во секторот, професор Буневски потенцира дека многу важен сегмент е брендирањето на традиционалните производи и производи со познато географско потекло и рече дека во момментот 160 производи чекаат и стојат во фиока.

Како мерка која треба да се воведе, е и заштитата на генетските ресурси во растителното и сточарското производство. Исто така за да може да се подобри севкупната ситуација во овој сектор Буневски рече дека ЗНАМ ќе воведе стипендирање на деца од земјоделски земејства на земјоделските школи и факултети.

„Земјоделството бара долгогодишна стратегија, а не брзи политички инстант решенија, која политичка партија доаѓа на власт, како од неа да почнува се. Производство на своја храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја. Затоа сметаме дека е неопходно да дадеме максимум за земјоделството, максимум за Македонија“, рече Буневски, се наведува во партиското соопштение.

Крузер од 200 метри удри во пристаништето во Кушадаси, екипажот направи грешка (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи снимка од турско пристаниште каде луксузен брод за крстарење долг 200 метри удри во бетонското пристаниште.

„Celestyal Journey“ пристигна во Кушадаси минатата недела, но работите не одеа според планот и се случи необичен инцидент.

За среќа, бродот е минимално оштетен, како и самото пристаниште, а нема извештаи за повредени, пишува Дејли Мејл.

Екипажот направил една фатална грешка кога погрешно ја пресметале брзината, што довело до несреќата.

Во обид да го забават крстосувачот, тие наводно го спуштиле сидрото, но и покрај нивните напори дошло до инцидент.

Медиумите јавуваат дека патниците нормално се симнале од бродот и го разгледале градот, а „Celestyal Journey“ не морал подоцна да ја менува рутата.

Крузерот работи од 1994 година, има 630 кабини, седум ексклузивни ресторани, осум барови и салони.

притисни ентер