Се знае од кога Франција ќе ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили

Франција не се откажува од забраната за продажба на бензински и на дизел автомобили.

Уште во 2017 тогашниот министер за екологија Николас Уло изјави дека земјата во 2040 ќе прекине со продажбата на нови автомобили на погон на фосилни горива, а десет години подоцна ќе биде неутрална на јаглерод диоксид. Истата идеја сега ја поддржа и владата на Макрон. Така, министерката за сообраќај , Елизабет Борн изјави дека со новиот закон за сообраќај ќе се изградат доволен број места за полнење на електричните автомобили.

,,Имаме цел до 2050 да станеме неутрални на јаглерод диоксид и затоа ни треба реален пат до таму. Тоа вклучува и забрана за продажба на нови автомобили на фосилни горива од 2040. “ , изјави министерката.

Со тој закон на сопствениците на недвижности им се дава право да бараат изградба на полнач на нивното паркинг место. Освен во делот на автомобилите , каде ќе се поттикнува концептот за заедничко користење еден автомобил , ќе се вложува во натамошна модернизација на железничката мрежа.

Француските производители на автомобили веќе вложуваат во производство исклучиво на електрични автомобили. Така Рено има веќе етаблирани електрични модели , а Пежо го промовираше својот електричен модел 208 , па сепак најголемиот дел од производството отпаѓа на автомобили на фосилни горива.

Министерката објасни дека државата ќе им помогне на домашните производители во преодниот период , но не кажа како и кога.

На Боинг со 176 патници среде лет му отпаднал дел- морал принудно да слета

Авион на „Делта ерлајнс“ кој што утринава полетал од аеродромот Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк морал да сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи.

„Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации“, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале удар. Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пренесува ABC7 New York.

„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент тобоганот за итни случаи се оттргнал“, рече портпаролот на Делта. За време на инцидентот во Боингот 767 имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.

Патниците биле префрлени во друг авион и нивниот авион полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот на кој му паднал тобоганот за итан евакуација е стар 33 години и нема да биде во служба додека Делта не ја процени неговата состојба. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.

Lamborghini Urus се претвори во прв супер спортски СУВ со хибриден погон (ФОТО)

Со додавање на електричен мотор, Urus стана уште помоќен, но не и побрз.

Со оглед на моменталната состојба на пазарот, ваков деловен потег на Lamborghini е целосно очекуван. Понудата за моделот Urus е проширена со верзија SE со plug-in хибриден погон. Спротивно на очекувањата, воведувањето на електрична енергија не го намали бројот на цилиндрите, но Lamborghini остана верен на V8 твин-турбо моторот.

Произведува до 620 КС, а му се придружува моќниот електромотор од 192 КС, вграден во куќиштето на осумстепениот менувач. Синергетскиот ефект е 800 КС и 950 Nm, што ја прави оваа верзија најмоќна во гамата. Не најбрза, бидејќи со забрзување до 100 km/h за 3,4 секунди, SE заостанува зад перформансите на Performante. Достигнува 200 km/h за 11,2 секунди, што е дури и подобро од Performante. Максималната е 312 km/h, исто како и Ferrari Purosangue.

Од друга страна, SE може да се вози исклучиво на електрична енергија. Има батерија од 25,7 kWh, што не е мала, но затоа досегот е сепак скромен - само 60 километри. Новата верзија исто така го отфрла класичниот спру во корист на виртуелен LSD систем во комбинација со нова електрохидраулична мултидиск спојка, која го распределува вртежниот момент помеѓу оските.

Новите технологии заштедија 20 кг, но на крајот SE сепак е за дури 300 кг потежок од бензинската верзија. Вагата ќе покаже дури 2540 кг. Lamborghini вели дека SE е исто толку брз на патеката како и Performance, но под услов да возат на исти гуми.

Во секој случај, избраната клиентела добила можност да избере „позелен“ дизајн, кој им овозможува да ги задоволат своите еколошки погледи и да останат под покровителство на брендот.

Визуелно, сепак, SE се дистанцира со детали како што се нови светла, редизајниран заден капак и нови бандажи од 23 инчи Galanthus. Кабината има уште поголем екран (12,3") и нови материјали за тапацирот.

Да кажеме и дека се очекува почетна цена од 230.000 евра, што секако нема да биде пречка за успех на пазарот. На крајот на краиштата, практиката го покажа тоа бидејќи Urus е најуспешниот модел на Lamborghini во историјата, со продажба што ги надминува дури и најоптимистичките планови.

Десетмина Србинки и Албанки се уапсени во Швајцарија- ги фатиле во рација во клуб

За време на рацијата во клуб во Сенвалд, кантоналната полиција на Сент Гален уапсила 20 лица, меѓу кои и генералниот директор.

Апсењата се пријавени поради кршење на законот за странци и интеграција, пренесува швајцарскиот весник на албанскиот Le canton27.ch, повикувајќи се на извори од кантоналната полиција.

Албанскиот весник „Ле Кантон“ од кантоналната полиција дознава дека се уапсени жени на возраст од 25 до 53 години, државјанки на Србија и Албанија. Со уапсените ќе постапува јавното обвинителство во кантонот Сент Гален.

Меѓу уапсените се и двајца генерални директори на клубот, Србин (49) и Црногорец (48), кои се осомничени дека нелегално вработувале државјани на трети земји.

При претресот, полицијата уапсила седум жени и еден маж, кои се сомничат дека илегално влегле во Швајцарија и работеле без валидна работна дозвола. Сега е потребно дополнително да се разјасни какви услуги давале пејачките и танчерките во клубот, изјавил портпаролот на полицијата за новинската агенција Keystone-SDA, пренесува Le Canton27.ch.

Да потсетиме, швајцарската полиција пред две недели спроведе слична акција во 13 локали и ноќни клубови во Цирих, при што беа приведени 47 лица, меѓу кои и албански пејачи. Полицијата запленила пиштоли, муниција и бејзбол палка.

притисни ентер